Смирување со бившиот? 6 прашања кои ќе ви помогнат да одлучите дали да одите по тој пат

Смирување со бившиот? 6 прашања кои ќе ви помогнат да одлучите дали да одите по тој пат

Ако сакате повторно да се впуштите во врска со бившиот, ова се шесте прашања кои би требало да си ги поставите себеси. Сигурно постојат многу причини поради кои вашата врска не успеала „од прв пат“, па имајте го тоа на ум пред да одлучите што понатаму.

smiruvanje-so-bivshiot-6-prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-odluchite-dali-da-odite-po-toj-pat-kafepauza.mk

1. Дали сте осамени?

Запрашајте се искрено: дали сте осамени или навистина ви недостига вашиот бивш? Прифатете го фактот ако навистина ви недостига, но не се впуштајте во истата врска само затоа моментално што не излегувате со некој друг.

2. Зошто навистина сакате да му се вратите на бившиот?

Бидете сигурни дека вашите чувства се навистина искрени. Немојте да ја помешате љубовта со недостасувањето.

3. Зошто вашата врска заврши?

Дали тоа беше негова грешка или пак ваша? Дали можете да ја поправите и да продолжете понатаму? Најверојатно истите причини пак ќе се појават, па затоа размислите подобро.

4. Дали сте спремни да ги прифатите меѓусебните разлики?

Ако двајцата „созреавте“ додека бевте разделени, можеби овој пат кај вас ќе има повеќе љубов и разбирање.

5. Дали навистина ќе почнете од почеток?

Расчистете ги сите стари несогласувања со него и со себе. Почнете од почеток и не го осудувајте за она што се случило во минатото. Фокусирајте се на забавата и градењето на стабилна врска.

6. Дали навистина се сакате себеси?

Дали навистина го сакате или се чувствувате несигурно? Проверете дали тој манипулира со вашите чувства.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар