Што ви кажуваат дланките за вашето здравје?
Редовните лекарски прегледи се препорачливи ако не и задолжителни. Но, бидејќи телото е систем кој функционира како целина, лесно може и самите да си направите преглед. На пример, со еден поглед кон вашите дланки може да проверите дали имате проблем со циркулација, анемија и сл. Погледнете ги вашите дланки и проверете дали имате некој од овие 6 симптоми.
1. Проблем со циркулација
Ако врвовите на вашите прсти често се посинети или бели, сигурно и сами би претпоставиле дека имате проблем со циркулацијата. Станува збор за Рејнодовиот синдром кој се манифестира со отежната циркулација на крвта до одреден дел од вашето тело, најчесто прстите. Слабата циркулација е резултат на изложување на ниски температури, или пак стрес. Жените се повеќе изложени на овој синдром, како и луѓето кои живеат на ладни места. За среќа, за да се справите со слабата циркулација само треба да ги стоплите дланките, а доколку состојбата се влошува постојат лекарства кои ќе ви ја подобрат циркулацијата.
2. Вашата тироидна жлезда може да не работи правилно
Ако вашите прсти често отекуваат може да биде поради проблеми во функцијата на тироидната жлезда. Секако, не секогаш отечените прсти се резултат на бавен метаболизам. На пример, прстите може да ви отекуваат доколку патувате со авион, јадете многу солена храна, изложени сте на прекумерна топлина или сте во ПМС. Но, ако прстите често ви отекуваат без причина и без некој од горенаведените синдроми, консултирајте се со лекар и направете проверка на крвта.
3. Можеби имате артритис
Погледнете ги вашите прсти. Доколку се накривени или деформирани, може да имате артритис. На ризик се изложени постарите, а артритисот има и други симптоми како болка во зглобовите на рацете и прстите и непријатно чувство. Задолжително консултирајте се со лекар, а за ублажување на болките докторот ќе ви препише лекарства и ќе ви предложи да чувате мраз врз болното место. Доколку состојбата се влоши се препорачува физикална терапија, па дури и операција.
4. Можеби сте анемични
Еве еден тест. Испружете ја левата рака на рамна површина. Со показалецот благо притиснете врз секој од ноктите на левата дланка. По пуштањето, месото под вашиот нокт треба за брзо време повторно да ја врати розовата боја. Доколку остане подолго време бел, може да биде знак на ниско железо во крвта. За да се изборите со слабокрвноста прво обрнете внимание на исхраната и на сите прехранбени продукти кои содржат железо како зелените растенија и местото. Исто, доколку проверката на крвта ви покаже дека вашето железо е многу ниско, консултирајте се со лекар кој ќе ви препише апчиња кои ќе го покачат нивото на железо во крвта. Не заборавајте дека проверката на крвта треба да ја правите често, особено доколку еднаш сте биле дијагностицирани со ниско железо.
5. Може да имате проблеми со срцето или белите дробови
Погледнете ги врвовите на вашите прсти. Дали изгледаат несиметрични со зглобовите на прстите, односно стануваат поголеми од зглобовите? Тоа може да биде резултат на ниското ниво на кислород во крвта, токму поради циркулаторните проблеми на срцето или белите дробови. Ова е сериозно, па што е можно побрзо консултирајте се со лекар, што може дури и да ви го спаси животот.
6. Може да имате инфекција во циркулаторниот систем
Погледнете ги ноктите на вашите прсти. Доколку под нив има црвенкасти или кафеави линии, назиглед како деланки, задолжително побарајте совет од медицинско лице. Ова може да е резултат на мали крвавења поради згрутчување на крвта предизвикано од инфекција на срцето или крвта. Во случај на инфекција, може да имате и други симптоми како треска, што ја прави ситуацијата уште посериозна. Може и да не е толку опасно, па линиите да исчезнат сами, но ништо не губите доколку се осигурате со проверка на лекар.