Што сè успеваат да направат ранобудниците додека другите уште спијат? - Part 2

Што сè успеваат да направат ранобудниците додека другите уште спијат?

6. Вероника П., 46 години, инструкторка по јога и медитација

Будење: Меѓу 4 и 45 и 5 часот

Заспивање: Меѓу 22 и 23 часот

Утрински рутини:

4:45 – Будење
5:00 – Еден час јога и медитација
6:00 – Подготовка на синот за училиште
6:30 – Проверување пошта, читање пораки, подготвување оброк за другите деца
7:15 – Подготовка на ќерката за во училиште
8:00 – Поминување време со најмладиот син

Таа почнала да практикува рано будење поради тоа што утрата ја исполнуваат со енергија.

Што успеваат да направат ранобудните додека другите уште спијат?

7. Лиза Л., 50 години, блогерка за здрава исхрана

Будење: Во 5 часот наутро

Заспивање: Помеѓу 21 и 21 и 30

Утрински рутини:

5:00 – Будење и подготовка за вежбање
5:15 – 45 минути вежби со кревање тегови и уште 20-30 минути кардио вежби
6:45 – Враќање дома, пресоблекување и пиење кафе
7:00 – Проверување на електронската пошта, подготовка на нови содржини за блогот
7:30 – Подготвување појадок и туширање
8:30 – Враќање пред компјутер за да почне со работа

Лиза ја исполнува средувањето на креветот, затоа што така го започнува денот без хаос.

8. Џил Д., 57 години, претприемач

Будење: 5 часот наутро

Заспивање: 22 часот

Утрински рутини:

5:00 – Будење и посветување време за себе
5:30 – Пиење кафе и читање
6:30 – Кратко вежбање јога и шетање на кучето
7:00 – Појадување и следење на дневните новости
7:15 – Туширање и подготвување за на работа, а во меѓувреме слушање медитациска музика
8:15 – Подготвување на ручек и тргнување на работа

Џил не е личност која може само да стане, да се измие и да се нашминка и да излезе. Таа смета дека треба да си посвети повеќе време од тоа.

Што успеваат да направат ранобудните додека другите уште спијат?

9. Мишел С., 55 години, сопственик на маркетинг агенција

Будење: Помеѓу 5 и 5 и 30 наутро

Заспивање: Околу 22 и 30 часот

Утрински рутини:

5:30 – Проверка на службените броеви и имејл адреси, пиење чај, следење на тоа што е актуелно на социјалните мрежи
6:15 – Медитирање
6:45 – Туширање и подготовка за работниот ден
7:45 – Повторно пиење чај, прегледување на имејловите и тргнување на работа

Нејзиниот ум работи брзо уште во самиот момент на будењето, сè со цел да може што побрзо и поефикасно да ги постигне своите цели.

10. Хејли Л., 22 години, графички дизајнер

Будење: Во 5 и 30 наутро

Заспивање: Во 21 и 30

Утрински рутини:

5:30 – Будење
5:45 – Вежбање или трчање со кучето
7:15 – Подготвување појадок
7:30 – Подготвување ручек за подоцна
7:45 – Туширање и облекување
8:30 – Тргнување на работа

Таа секогаш се обидува да го одржи својот воспоставен ред, но доколку се случи да се разбуди изморена, тогаш или продолжува да спие уште околу еден час или има помалку активности додека да излезе од дома.

Прочитајте ги и овие 8 начини со кои ќе го направите утрото порелаксирано.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар