Што се подразбира под „индиго деца“ и дали и вие спаѓате во оваа специфична група луѓе?
Иако концептот за индиго деца потекнува од 1970-тите, низ минатото секогаш имало група луѓе чија мисија била да го разбуди човештвото. Ако сте стара душа која има силна желба да направи промена во денешното општество, можеби сте индиго дете.
Што е индиго дете?
Познати и како кристални, или ѕвездени деца, индиго децата се личности кои доаѓаат на овој свет со цел да направат промена и духовно да го разбудат човештвото. Индиго децата се со слободен ум и имаат способност јасно да го гледаат светот. Тие се духовно надарени стари души и им е тешко да се прилагодат на денешното општество. Многу често се неразбрани, одбивани, добиваат погрешни дијагнози, а некогаш дури и се погрешно лекувани. Индиго децата имаат силна интуиција и разни духовни способности, како комуницирање со духовни водичи и визии.
Вистина и измама
Главната улога на овие личности е да ја откријат вистината. Уште од рана возраст тие се способни да гледаат низ илузиите, лагите и грешките во општеството. Многу луѓе го критикуваат ова и сметаат дека родителите го оправдуваат „несоодветното“ однесување на нивните деца правејќи ги посебни. Иако е вистина дека оваа „етикета“ се применува и лажно, вистинските индиго деца значително се разликуваат од другите.
Индиго деца со погрешна дијагноза
Многу е често индиго децата да бидат дијагностицирани со проблематично однесување, хиперактивност, па дури и нарушување на расположението. Поради нивната природа, овие деца многу често се исплашени, неразбрани и се на лекови уште од рана возраст. За жал овие антидепресиви и седативи кои ги добиваат ја намалуваат нивната способност и се причина за губење на контактот со нивните интуитивни способности.
17 знаци на индиго дете
Дали вие спаѓате во оваа категорија? Дали можеби некое од вашите деца? Ако се пронаоѓате во повеќе од половина од овие знаци, голема е веројатноста и вие да сте индиго дете.
1. Имате силна волја
Вие сте страсна личност која ќе направи сè за да ги оствари своите соништа и цели. Дури и кога луѓето ве критикуваат и не ве поддржуваат, вие продолжувате без разлика на сè.
2. Имате стара душа
Се чувствувате како да сте живееле многу животи и поседувате мудрост која другите ваши врсници ја немаат. Како дете можеби сте се однесувале како постара личност, а како возрасни имате многу духовен и филозофски поглед кон животот.
3. Размислувате слободно
Не пости идеја која не би ја прифатиле или одбиле. Размислувате со свој ум наместо слепо да ја следите толпата. Како индиго дете, поставувањето прашање е сè што имате.
4. Тврдоглави сте и не ги следите другите
Како дете или како тинејџер можеби ве сметале за лоши, непристојни и непослушни. Како возрасна личност, сè уште не можете да поднесете да бидете контролирани од некој друг. Вие сакате сами да ја најдете вистината и сами да си го градите патот.
5. Вие сте страстен трагач по вистината
За вас вистината е нешто најважно. Секогаш ги одделувате вистината и реалноста од лагите и измамите. Кога сте опкружени со други, веднаш знаете дали некој лаже или крие нешто. Иако понекогаш вистината боли, вие попрво би страдале наместо да бидете среќни и да верувате во лаги.
6. Вие чувствителни и интелигентни
Можете да ги гледате и да ги разберете работите за човекот и животот кои другите луѓе не ги ни забележуваат. Вашата перцепција ви дозволува да ја откриете вистината за човечката состојба и да им помогнете на оние што имаат потреба од вашата помош.
7. Интуитивни сте
Многу често знаете кој е најдобриот избор и знаете кои се тајните на другите.
8. Сакате да го промените светот
Длабоко во вашето срце имате силна желба да направите позитивна промена на овој свет. Како индиго дете, знаете дека вашата цел е да промените нешто.
9. Чувствувате силна емпатија
Премногу се грижите за оваа планета и за луѓето на неа, што понекогаш дури и се повредувате. Секогаш кога гледате насилство, уништување и суровост вие чувствувате тага и гнев. Вашата силна емпатија и сочувство значат дека често страдате од анксиозност и депресија.
10. Вие сте лидери што прават промени
Уште од рана возраст сте се движеле кон лидерството. Можеби ви е тешко да работите во тим или за други луѓе, и секогаш ви е подобро кога работите сами. Тешко ви е да почитувате авторитети, особено кога тој авторитет е расипан и корумпиран.
11. Идеалисти сте
Имате високи очекувања од себе и од другите луѓе. Додека идеализмот може да биде позитивна особина, тој може да ве направи премногу самокритични. Сепак, вашиот идеализам е она што ви помага да станете најдобрата верзија од себе.
12. Имате карактер на самотник
Како слободен дух, вие не сакате да бидете врзани со никој и со ништо. Тешко ви е да бидете опкружени со повеќе луѓе и многу често поминувате време сами со себе. Како љубител на автономијата, вие уживате во времето поминато со себе.
13. Креативни сте
Вие сакате да ги искажувате вашите чувства преку уметност и креативност. Без разлика дали станува збор за цртање, танцување, пеење, градење, сликање, пишување или моделирање, вие уживате во креативното искажување.
14. Имате силна поврзаност со животните и природата
Како сочувствителна личност, природата многу ве привлекува. Се чувствувате како дома кога сте во близина на море или пак, кога сте опкружени со дрвја и животни. Природата е чиста, и ве приземјува и ви дава одмор од напорното општество.
15. Ве привлекува духовноста наместо религијата
Според вас, духовноста е вљубување во пораката, додека религијата е вљубување во преносителот на пораката. Како индиго дете вие сте привлечени од најчистата форма на вистината.
16. Имате проблеми со здодевност
Поради вашиот остар ум, вие имате проблеми со рутина и постојани структури. Поради ова многу често ви станува здодевно, па како дете можно е да сте биле дијагностицирани со некое нарушување.
17. Сте имале неколку егзистенцијални кризи
Егзистенцијалните анксиозност и депресија се многу над обичните, а причината за ова е тоа што тие се предизвикани од животот, а не од вашата личност. Како индиго дете, сигурно често си ги поставувате прашањата: „Зошто страдаме?“, „Која е целта на животот?“, „Зошто постои неправда?“, „Зошто сум роден/а?“ Овие длабоки филозофски прашања ве тераат да губите интерес во безначајните работи со кои е опседнато речиси целото човештво.
Други потенцијални знаци вклучуваат:
- Склоност кон зависност
- Барање лојални пријатели
- Гордост
- Краток темперамент
- Поголема чувствителност на загадувачи во храната и природата
- Духовни дарови како јасновидност и телепатија
Прочитајте и нешто за духовното будење и знаците дека сте го откриле вистинскиот пат.