Што кажува вашето последно раскинување за вашата следна врска?

Што кажува вашето последно раскинување за вашата следна врска?

Врските ги менуваат луѓето, едноставно таква е нивната природа. На многу луѓе врските им одржуваат важни лекции за несебичност и мислење прво на другата личност. На други им ја покажуваат моќта на љубовта и сите убави нешта кои доаѓаат со сакањето некој друг. Помалку среќните се соочуваат со раскинување, но дури и кога врските завршуваат многу лошо, оние кои биле дел од нив излегуваат променети.

Што кажува вашето последно раскинување за вашата следна врска?

Многу често, начинот на кој завршила претходната врска навестува каков ќе биде вашиот пристап во идните. Начинот на кој завршиле вашите претходни врски скоро секогаш открива карактеристики на вашата личност за кои можеби претходно не сте биле ни свесни.

Ако сте биле изневерени…

Ако партнерот ве изневерил, постојат големи шанси сè уште да сте малку „зезнати“. Не му верувате никому, па затоа постојано со себе носите чадор, дури и кога надвор пука сонце (фигуративно, секако). Го слушате Дрејк и верувате дека повеќето песни се напишани за вас и за вашата ситуација. Си ветивте дека никогаш повторно нема да бидете повредени во врска, но реално, вие сте сега емоционално недостапни и поради тоа веројатноста за каква било врска во блиска иднина не изгледа најдобро.

Ако вие сте изневериле…

Како што се вели: Ако изневериш еднаш, ќе изневериш и два пати. Ако изневериш два пати… па знаете како продолжува. Доколку сте биле неверни кон вашиот партнер во минатата врска, големи се шансите дека се спремате да го направите тоа повторно. Вие едноставно како да заборавате да научите за поправниот тест кој знаете дека следува. Лажговци сте, и тоа добри, иако никогаш не би го признале тоа. Вие сте силен поборник на тактиката „негирај до смрт“, особено кога се работи за вашите навики кои вклучуваат нелојалност. Вие ќе негирате сè додека можете, и тогаш, после неколку месеци ќе му/ѝ пратите пијана СМС-порака на бившиот/ата со цел да бидете сигурни дека тие нема да можат да ве заборават и да продолжат понатаму.

Ако сте се разделиле пријателски…

Очигледно сè уште сакате да бидете интимни со бившиот/ата, што се забележува и по повремените СМС-и кои му/ѝ ги испраќате бидејќи сè уште се грижите за него/неа, наместо да продолжите со животот. Дефинитивно имате проблем да ставите крај. Си држите отворени опции и којзнае, можеби ќе се смирите или можеби ќе имате секс кога и на двајцата ќе ви дојде таква потреба. Длабоко во себе, вие не барате врска, туку повеќе дружба, односно некој со кој ќе можете да се забавувате за време на викендите. И кога немате важна личност покрај вас за да ја „игра“ оваа улога со вас, едноставно се фаќате за телефонот и го/ја контактирате бившиот/ата за да си ги пополните меѓусебно ваквите празнини.

Ако сте раскинале заради „одредени околности“…

Можеби сте раскинале бидејќи едниот од вас морал да замине во друг град на студии или пак надвор од државата заради добра прилика за работа. Веројатно новите обврски не му/ѝ дозволувале да инвестира многу време во вашата врска, па иако некое време сте пробале да одржувате врска на далечина, тоа морало да заврши заради куп неповолни околности. Сфаќате дека вашата врска се случила во погрешно време и/или на погрешно место и го прифаќате тоа. Сепак, имате оптимистични ставови за љубовта и за сè што доаѓа со неа. Вашето срце никогаш не било скршено од личност, туку од ситуација, па тоа ве прави доволно силни и полни со надеж. Засега, излегувате само со луѓе кои знаете дека ќе останат блиску до дома за да избегнете слични сценарија во иднина.

Ако вашите родители вмешале прсти…

Ако вашите родители не го/ја сакале баш вашиот/ата бивш/а, веројатно имате малку бунтовна природа. Сакате да ги правите нештата спротивно од правилата и она што ви е наметнато од дома. Пушите марихуана, имате неколку тетоважи, правите сè што е „алтернативно“… Слободоумни сте, но мислите на себе. Не се плашите доколку некој мисли за вас некои работи, едноставно не ви е грижа, па затоа и не се потрудивте многу да ја скриете бунтовната природа на вашето момче или девојка кога одлучивте да го/ја донесете дома.

Ако сте биле помалку успешната страна во врската…

Вашиот/ата бивш/а изгледа подобро од вас? Тој/таа заработува повеќе од вас? Има повеќе пријатели (или следачи на Твитер) од вас? Тоа ве вадело од такт, па со тек на време сте развиле комплекс на помала вредност. Сега не ви е гајле дали ќе ја запознаете најатрактивната личност колку што ви е важно да добивате колку што е можно повеќе внимание.

Ако ве блокирал/а на социјалните мрежи…

Ако сте блокирани од вашиот/ата бивш/а на сите можни мрежи и чет програми, тогаш очигледно сте страстен љубовник. Толку сте интензивни во своите интереси, што некогаш дури претерувате. Ако вашиот бивш не може да поднесе да ве гледа во неговиот Фејсбук фид, очигледно ве мрази. Можеби ова изгледа како нешто негативно, но гледајте подалеку – науката вели дека љубовта и омразата се интимно поврзани во човековиот мозок, па можеби тој/таа не ве мрази колку што се обидува да ве преболи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар