Што јадат за ручек овие 9 нутриционисти и зошто треба да ги следите нивните препораки?
5. Салата со житни зрна и спанаќ
Џули Аптон скоро секој ден јаде голема салата со зелени лисја и зеленчуци, богата со зготвени житни зрна.
„Се обидувам да јадам еден оброк од зеленчуци, иако не сум голем љубител. Лесно можам да поминам цел ден без зеленчук, па затоа се трудам редовно да го вклучувам во ручекот.“
6. Бурата салата
Фелисија Столер јаде голема чинија рукола со бурата (моцарела со крем). Таа вклучува протеини како лосос, туна и тврдо варени јајца, а додава и зеленчук како рендани моркови.
„Обожувам салати. Тоа е одличен начин за внесување зеленчук и дополнителни влакна во организмот, заедно со балсамико оцет и малку маслиново масло и сок од лимон.“
7. Пилешка салата во пита
Марџори Кон јаде пилешко, авокадо, салата од хумус со грав и леќа, маслиново масло и балсамико оцет, сè сместено во мала пита.
„Ручам на работното место, па ова е лесен оброк кој можам да го подготвам уште од претходната вечер. Не ја анализирам нутрициската вредност, само знам дека е здраво и дека ми одговара.“
8. Супа и салата
Ангела Џин-Медоу за ручек јаде супа од зеленчуци и разновидни салати во зависност од расположението.
„Уживам во топол ручек кога барем половината од оброкот се состои од зеленчук.“
9. Салата во тортиља
Вандана Шет за ручек јаде мешана зелена салата со црн грав, домати, краставица и авокадо. За да го зачини ова, таа додава коријандер и додаток за салата од зелен лимон, а потоа во зависност од тоа дали е многу гладна, таа оваа салата може да ја завитка во тортиља од житни зрна.
„Го сакам овој оброк бидејќи е колоритен, со многу вкусови и навистина вкусен. Вклучува многу зеленчук, витамини и минерали, протеини, влакна и здрави масти.“