Зголемувајте ја вашата самодоверба секојдневно со помош на овие 9 едноставни трикови

Зголемувајте ја вашата самодоверба секојдневно со помош на овие 9 едноставни трикови

Хенри Форд рекол: „Без разлика дали мислите дека можете или не можете, вие сте во право.“

Ова е многу точно, бидејќи без разлика која е вашата цел, недостатокот од самодоверба речиси секогаш ќе резултира со неуспех. Ако вие не верувате во себе, тогаш кој ќе го направи тоа? Проблемот е што исто како и љубовта кон себе и среќата, така и самодовербата е навистина тешко да ја создадете. Вистински предизвик е да се разбудите со насмевка на лицето и да се чувствувате непобедливи. Иако е тешко, не е невозможно да ја стекнете потребната самодоверба. Тоа можете да го постигнете со неколку мали промени во вашиот секојдневен живот. Променете го вашиот ум и ќе го промените вашиот свет.

1. Започнете со „Здраво“

(1)sekoj-den-zgolemuvajte-ja-vashata-samodoverba-so-ovie-9-ednostavni-trikovi-kafepauza.mk

Можеби ви се има случено да бидете во просторија полна со странци и да не знаете што да кажете. Но имајте на ум дека секој пријател кој го имате денес некогаш бил странец. Па, ако се чувствувате неудобно во вакви ситуации, едноставно започнете разговор со обично „Здраво“.

2. Нека ви стане удобно чувството на неудобност

(2)sekoj-den-zgolemuvajte-ja-vashata-samodoverba-so-ovie-9-ednostavni-trikovi-kafepauza.mk

Можеби звучи навистина чудно, но единствениот начин да стекнете самодоверба во ситуации кои прават да се чувствувате чудно е да се впуштате во нив, но и да ви биде во ред што го правите тоа. Колку поудобно ви станува во опкружувањето, толку се помали шансите да избегате од ситуацијата. Доктор Даниел Форши изјавила:

„Ако не се „прошируваме“ редовно и ако не правиме работи кои ни се неудобни, нема да создадеме нови нервни патишта и нема да го гледаме светот и себеси од разни аспекти. Самодовербата се зајакнува со нашата способност да си покажеме дека можеме да се снајдеме во средина која не е дел од нашата рутина.“

3. Дајте си го признанието кое го заслужувате

(3)sekoj-den-zgolemuvajte-ja-vashata-samodoverba-so-ovie-9-ednostavni-trikovi-kafepauza.mk

Секој може да ви каже дека сте одлични и дека никој не треба да ви кажува поинаку. Но, сè додека не сте во можност да наброите барем 3 работи кои ги сакате кај вас, нема да верувате во оваа изјава. Самодовербата е само уште еден вид љубов кон себе, па за да ја постигнете треба да сте свесни за вашите силни страни. Секој има омилена особина кај себе која треба да се идентификува и да се почитува. Ако не сте сигурни која е вашата особина, прашајте некој пријател.

4. Не плашете се да го побарате она што го сакате

(4)sekoj-den-zgolemuvajte-ja-vashata-samodoverba-so-ovie-9-ednostavni-trikovi-kafepauza.mk

Не мора да се однесувате лошо за да го добиете она што го сакате, но треба да се претставите на добар начин. Исправете се, гледајте ги луѓето во очи и дајте им до знаење дека не прифаќате „не“ за одговор (се разбира, со добра причина). Во животот ќе го добиете само тоа што ќе го побарате. Ако не го побарате вие, ќе го добие некој друг.

5. Подгответе се

(5)sekoj-den-zgolemuvajte-ja-vashata-samodoverba-so-ovie-9-ednostavni-trikovi-kafepauza.mk

Многу е добро кога можете да се јавите некому пред интервју за работа, или некој друг важен настан. Но, кога не сте во можност, охрабрете се самите. Пуштете си песна која ве мотивира, кажете си неколку зборови кои ќе ве охрабрат и кои ќе ве подготват за предизвикот пред вас.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар