Седум методи за редуцирање на стресот кај жените
Чувствувате како обврските ви тежат небаре планина надвиснала над вас? Редно е да се опуштите. Можеби немате многу слободно време на располагање, но со пронаоѓањето на вистинските методи сè е полесно. Ова се седум чекори кои ќе ве опуштат и ослободат од стресот.
„Нахранете“ се со сонцето
Околу пладне доволно е да се изложите себеси на сонце макар десет минути. Испијте го кафето на отворено и прочитајте го омилениот магазин. Или не правете ништо, само „впијте“ го сонцето. Светлината делува како напивка за среќа. Плус, витаминот Д кој го добивате со изложувањето на сончева светлина, ви ги зајакнува коските и го подобрува имунитетот.
Дружете се со вашите миленичиња
Домашните миленичиња можат да ви помогнат кога сте под стрес. Галете го вашето маче, грижете се за вашето куче или гледајте ги рибите во аквариумот. Докторите тврдат дека тоа го намалува крвниот притисок и го редуцира нивото на стрес. Ако немате милениче, посетете некој ваш пријател кој има или погалете го слаткото маченце кое го најдовте на патот.
Закажете си масажа
Вработените жени и домаќинките навистина имаат куп обврски. Па затоа заслужуваат релаксација. Масажата може да ве опушти и опорави како од физичка така и од психичка работа. Станува збор за вашето здравје. Издвојте си малку време за една масажа. Не мора да биде многу ексклузивна, доволно е што макар на половина час ќе се опуштите и ќе ги оттргнете мислите од вашите обврски.
Зборувајте за себе
Најдете време кога и вие и вашата пријателка сте слободни. Кажете ѝ дека ви е потребен разговор. Зборувањето за себе не е знак на себичност (секако, доколку не се случува постојано). Ќе се изненадите колку работи имате да кажете. Кажувањето на вашите грижи е речиси половина изминат пат до ослободување од нив, додека зборувањето за своите обврски ви дава чувство на контрола. Не би смееле да се жалиме постојано, така би им здодеале на луѓето и би се претвориле во мрчатори кои не знаат да зборуваат за ништо што е убаво. Но, некогаш е добро да си го олесните товарот. За тоа служат пријателите!
Хранете се здраво
Исхраната влијае на сè, на вашето здравје, изглед и начин на живот. Избегнувајте грицки и чоколади доцна навечер. Не прескокнувајте оброци. Јадете многу овошје и зеленчук. Контролирајте го стресот со одржувањето на вашата виталност и здравата исхрана. Колку и да имате обврски, не прескокнувајте го ручекот. Одвојте макар десет минути. Но, никој не ви вели дека не смеете да си дозволите чаша алкохол одвреме-навреме.
Победете го лошиот ден со смеа
Ви бил денот лош, па што? Му се случува секому. Победете го чувството на тага и огорченост со смеа. Настрана од мисли за шефот кој ве изнервирал или колегата кој не можете да го поднесете. Најавете дека имате важна работа и дека не би сакале да бидете вознемирувани. Вклучете го компјутерот и пребарувајте смешни сцени од филмови и серии. Вие го заслужувате тоа, не чувствувајте грижа на совест. Станува збор за 10-15 минути, време резервирано за вас.
Декорирајте
Кога го одржувате чист и среден просторот во кој работите, канцеларијата или домот, имате контрола над работите. Бидете организирани и декорирајте го просторот околу вас. Поставете некакво зелено растение и миризливи свеќи со арома терапија. Значително ќе го намалите нивото на стрес.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.