Сè што треба да знаете ако веќе наполнивте 23 години - Part 2

Сè што треба да знаете ако веќе наполнивте 23 години

6-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_

14. Вашето тело созрева

Повеќе немате 16 години. Сега сте млади и тоа треба да се види. Девојките не треба да се обидуваат да се пикнат во фармерките од 8 одделение.

15. Најверојатно сте многу попривлечни отколку што мислите

И многу е веројатно дека токму она што си го замерувате на себе, за спротивниот пол е најпривлечно.

16. Промени и менување – само што започнаа

Кога ќе погледнете наназад, пред 10 години сте биле дете. Толку сте се промениле за тоа време. Но, промените никогаш не престануваат.

7-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_

17. Дајте си пауза на себе

Ако ништо не се случува во вашиот живот, вие имате впечаток дека губите време. Би требало сè да експлодира од страст, авантури, случувања, забави, а кај вас ништо. Не се присилувајте. Научете да застанете и да се опуштите, наместо безглаво да трчате. Ќе ви бидат од корист, секогаш.

18. Губењето на старите и пронаоѓањето на нови пријателства е нормално

Некои стари пријателства растат, се менуваат и опстануваат, а некои спонтано се гасат. Други доаѓаат и поминуваат или остануваат. И тоа е богатството на животот.

19. Тоа што прекинувате контакт со некои луѓе не значи дека вие сте лоша личност

Повеќе не ви одговара нечие друштво? Ве оптоварува и ви одзема енергија? Тоа е една од оние работи каде што она НЕ помага. Имате право да кажете НЕ на таквите односи и да ги прекините. Ако не сте добри кон себе за да бидете добри кон другите, тогаш едноставно не сте добри.

8-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_

20. Не споредувајте се со другите, освен ако тоа не ве мотивира

Ако сте со натпреварувачки дух, можеби ве мотивира да се споредувате и да се натпреварувате со некој друг. Но, ако тоа ве оптоварува и ви се чини дека не сте доволно добри, тогаш веднаш престанете со таа мазохистичка активност.

21. Сите се малку чудни

Се, навистина. Секој има своја точка на прекинување, некоја слабост која потполно го поразува, некое лудило кое не му дозволува да реагира разумно и смирено.

22. Сите се плашат

Секој страв е страв од смртта, велат мудреците.

23. Кога сега би сфатиле сè, ќе се досадувате до крајот на животот

Добата од 23 години не е време на мудрост, но е време за да се тргне по тој пат. Интересна, кривулеста патека, на која никогаш нема да ви биде досадно.

9-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Irena Reply

    Bravo za avtorkata! 🙂

  2. Stefanija Reply

    Mnogu ubavo kazano, sekoja cest

  3. Angela Reply

    Бравос , од збор до збор е точно 😊

Остави коментар