Рамен стомак за само две недели!

Рамен стомак за само две недели!

Овој едноставен, но многу ефикасен комплекс вежби кој можете да го практикувате дома, гарантира рамен стомак за две недели. Сѐ што ви е потребно за овие вежби е ѕид и добра волја.

Рамен стомак за само две недели!

Вежбите се статични што значи дека во секоја одредена положба треба да мирувате по неколку секунди. Лежејќи на грб, максимално вовлекувајте го стомакот при вдишување на воздухот и задржувајте го здивот 10-30 секунди. Секоја вежба правете ја по минимум 10 пати. Вежбите се погодни за сите возрасти, но важно е да се придржувате до следниот систем:

Прва вежба

Легнете на грб, со нозете свртени кон ѕидот. Приближете се до ѕидот и потпрете ги нозете на него. Рацете нека ви бидат покрај телото, цврсто потпрени на подот. Потоа полека поткревајте го телото до каде што можете, потпирајќи се со стапалата на ѕидот. Задржете се во оваа положба од 10 до 30 секунди и вовлечете го стомакот.

1-ramen-stomak-za-samo-dve-nedeli-kafepauza.mk

Втора вежба

Испружете ги нозете и потпрете ги на ѕид. Целата тежина нека ви биде во горниот дел од грбот. Долниот дел на грбот потпрете го со рацете. Потоа едната нога потпрете ја на ѕид, а со другата допрете ја својата глава. Тоа е еден вид шпага во воздух.

2-ramen-stomak-za-samo-dve-nedeli-kafepauza.mk

Трета вежба

Целиот заден дел, задникот и нозете, нека ви биде потпрен на ѕид. Полека со рацете пробајте да ги допрете прстите од нозете. Вежбајте од 10 до 30 секунди, еднаш со едната рака, потоа со другата.

3-ramen-stomak-za-samo-dve-nedeli-kafepauza.mk

Четврта вежба

Потпрете ги нозете покрај ѕидот така што задникот и нозете ќе ви бидат прилепени на ѕидот. Потоа раширете ги нозете колку што можете и задржете ги во таа положба од 10 до 30 секунди.

4-ramen-stomak-za-samo-dve-nedeli-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар