Работи кои ги прават жените кога некој им се допаѓа
Автор: Сара Турановиќ
Жените, кога некој навистина им се допаѓа, се спремни да направат сè. Ова подразбира разни чудни работи, без разлика колку години имаат. Дали вие сте помеѓу нив?
Постојано го следите на Фејсбук и Инстаграм
Од првата до последната објава, и така неколкупати.
Гледате во вашиот телефон цел ден
Телефонот ви е постојано во рака, а полначот во торба. Секој пат кога телефонот ќе заѕвони се надевате дека е тој.
Ја планирате иднината
Во својата глава, секако. Но, веќе се гледате со него на патувања, во прекрасна венчаница, куќа со градина и најмалку две деца.
Местата на кој тој излегува…
…сега се места на кои и вие излегувате. Со надеж дека ќе го сретнете.
Зборување за него
Повеќе не се сеќавате кога сте правеле нормален разговор со пријателките за други работи.
Неговите пријатели
Не ги знаете лично, но им ги знаете имињата.
Другите жени
Секогаш проверувате која му ја „лајкнала“ сликата или објавата. Потоа го гледате нејзиниот профил и се прашувате дали тој имал нешто со неа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.