Пруги, корсети и широки фармерки: Стилски трикови за атрактивен изглед - Part 2

Пруги, корсети и широки фармерки: Стилски трикови за атрактивен изглед

4. Еден од моменталните трендови е носењето корсети и појаси, па искористете го тоа на најдобар можен начин. Со помош на каишот или појасот нагласете го вашиот струк, па така освен одличниот детаљ, визулено ќе ја средите вашата фигура.

4-prugi-korseti-i-shiroki-farmerki-stilski-trikovi-za-atraktiven-izgled-www.kafepauza.mk_

5. Оставете ги тесните фармерки настрана и заменете ги со „машки“ фармерки кои од минатата година се сѐ попопуларни. Носете ги во сите прилики, ситуации и со најразлични парчиња облека. Она со кое никогаш нема да погрешите се салонките, некоја елегантна кошула и детали кои ги следат тие парчиња облека.

5-prugi-korseti-i-shiroki-farmerki-stilski-trikovi-za-atraktiven-izgled-www.kafepauza.mk_

6. Бидете во чекор со трендовите кои се моментално на модната сцена. Еден од нив е, заедно со високите потпетици и елегантните чанти, да носите и трегер фармерки кои некогаш биле само за патики и спортски стил.

6-prugi-korseti-i-shiroki-farmerki-stilski-trikovi-za-atraktiven-izgled-www.kafepauza.mk_

7. Немојте секогаш да бегате од „униформата“. Униформираниот стил стана одбивен од моментот кога сите девојки започнаа да личат една на друга, бидејќи многумина „слепо“ ги следат трендовите, но понекогаш ваквиот стил на облекување и стилизирање може да изгледа одлично и лежерно.

7-prugi-korseti-i-shiroki-farmerki-stilski-trikovi-za-atraktiven-izgled-www.kafepauza.mk_

8. И за крај, немојте да се плашите да ги измешате дезените, бидејќи тоа е еден од главните совети кој се препорачува за постигнување на атрактивен, тренди изглед.

8-prugi-korseti-i-shiroki-farmerki-stilski-trikovi-za-atraktiven-izgled-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар