Пронајдете ја среќата

Пронајдете ја среќата

Среќата е најпосакуваната цел кон која сите се стремиме. Од неа, понатаму произлегуваат другите цели кон кои се стремиме во животот – успех, просперитет, љубов, спокојство, мир.

Пронајдете ја среќата

За разлика од порано, денес сѐ повеќе и повеќе ја бркаме среќата. Колку побрзо трчаме кон неа, толку патеката станува подолга. Во 40-тите години, на прашањето „Колку сте среќни?“, просечната оценка била 7,7 од 10. Денес, на истото прашање просечната оценка е 7,2 од 10.

Сите сме во потрага по среќата. Еве неколку начини како да ја пронајдете:

Дефинирајте го поимот среќа

Пронајдете ја среќата

Која е вашата дефиниција за среќен живот? Дали живеете среќен живот? Размислете внимателно затоа што вашата дефиниција за среќа ќе влијае на другите одлуки кои ќе ги донесете во животот. На пример, ако мислите дека немате среќа, ќе почнете да трагате по неа, ќе се стремите да ја освоите како награда која треба да ја заслужите. Ако пак мислите дека имате среќа во себе, тогаш таа ќе ви биде компас, учител кој ќе ви помогне вашиот живот да биде подобар.

Прифатете ја среќата

Пронајдете ја среќата
Без себе-прифаќање си ги ограничувате и блокирате среќата, успехот и љубовта во кои целосно треба да уживате. Себе-прифаќањето е всушност прифаќање на среќата која постои во вас. Така, ќе почнете да ја чувствувате и среќата околу вас. Себе-прифаќањето го активира законот на привлекувањето. Ова е првиот чекор кој ќе го истакне најдоброто од вас.

Следете ја радоста

Пронајдете ја среќата

Тоа  всушност  значи да се слуша срцето и неговите желби, да се забележи што ве инспирира и да се пронајде сродната душа. Прашањето кое треба да си го поставите е „Кога сум најсреќен?“ Луѓето кои ја следат радоста, имаат можност да откриваат длабоки таленти и голема креативност кои се инспиративни за сите.

Одберете среќа

Пронајдете ја среќата

Некои луѓе ја бркаат среќата, а некои ја избираат. Најдете го местото во вашиот ум во кое веќе сте одлучиле колку убав ќе биде денот, колку успешна ќе биде годината и колку прекрасен ќе биде животот. Тоа е избирање среќа.  Позитивната мисла ќе ви дозволи да уживате во животот како што вие навистина заслужувате.

Среќа без пари

Пронајдете ја среќата

Најчесто среќата се занемарува затоа што не вреди ни една паричка. Погрешно. Таа вреди многу, но не може да се купи со ниедни пари на светот. Ако пак мислите дека може да ја купите среќата со пари, тогаш ќе талкате по „продавниците за среќа“ целиот живот, бесцелно. Едноставно, уживајте во среќата и во сѐ што таа неосетно ви го носи – насмевки, мир, пријателства, љубезност, па дури и ѕвездите во ноќта се производ на среќата.

Сакајте некого

Пронајдете ја среќата

Да се биде среќен, значи да се биде човек полн со љубов и таа љубов да се дарува наоколу. Луѓето кои безрезервно даваат љубов, внимание и енергија на личноста која ја сакаат, се луѓе со најголемите љубовни и животни искуства. Престанете да мислите постојано за сѐ и сешто и да смислувате со кого и како сакате да го поминете животот. Живејте сега и веднаш.

Простувајте

Пронајдете ја среќата

Среќата започнува со простувањето. Не може да очекувате да бидете среќни ако чувствувате омраза спрема некого. Простувањето ќе ве ослободи од минатото и ќе ви ја отвори вратата кон иднината. Среќата е подарок кој си го подарувате на самите себе бидејќи едноставно ве ослободува.

Бидете благодарни

Пронајдете ја среќата

Кажете на глас три работи за кои сте благодарни. Направете го тоа сега. Колку сте поблагодарни за работите кои ви се случуваат, толку посреќно ќе се чувствувате.

Бидете присутни

Пронајдете ја среќата

Тоа што не живеете сега и веднаш е причина што не сте среќни. Живејте сега и веднаш! Бидете присутни во сѐ она што ви се случува во моментот. Колку сте поприсутни во мигот, толку сте посреќни. Среќата е онаму каде што сте вие.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Никола Reply

    Одличен пост.. 🙂

  2. Meri Reply

    like a lotttt :)))))

  3. kristina Reply

    luge se e ova ubavo napisano i mene mnogu mi se sviga ali sepak nesakam da bidam skeptik i negativec ali nemozeme da bideme sekogas srekni barem jas ucam za toa ova se samo cekori kako da dojdeme do onaa “povrsna” sreka a celosna sreka i nastani so sekogas sreken kraj toa drugari moi zlatni go ima vo bajkite ali sepak ubavo e da se misli i da se bide pozitiven taka zivotot definitivno ni e poubav ama srekata pak ke napomenam e vo odredeni kolocini

Остави коментар