Промените се неизбежни: 10 фундаментални вистини што ќе ви го променат животот
6. Не мора да чекате извинување за да простите
Животот ќе ви оди многу полесно ако се ослободите од лутината и им простите дури и на оние кои никогаш не ви се извиниле. Бесот ќе им овозможи на негативните случки од вашето минато да ви ја уништат среќата во сегашноста. Ако држите лутина, ќе го изложите вашиот организам на стрес, а тоа може да доведе сериозни здравствени последици. Истражувањата покажале дека постојаниот стрес е главен причинител на висок крвен притисок и срцеви болести. Доколку простите некому, тоа не значи дека сте ги оправдале неговите постапки, туку дека се ослободиле себеси од негативните емоции.
7. Живејте во моментот
Нема да можете да го искористите целиот ваш потенцијал, освен ако не научите да живеете во сегашноста. Грижата на совест нема да го промени минатото, а анксиозноста нема да ја промени иднината. Нема да можете да бидете среќни ако постојано лутате со мислите некаде на друго место Треба целосно да ја прифатите реалноста без разлика дали е лоша или добра. За да живеете во сегашноста, треба да ги направите следниве 2 работи:
1. Да го прифатите минатото. Ако не се помирите со вашето минато, тоа никогаш нема да ве напушти и на тој начин ќе ја креира и вашата иднина.
2. Да ја прифатите неизвесноста на иднината. Нема место за грижите тука и сега. Послушајте ги зборовите на Марк Твен „Грижењето е како да плаќате долг што не го должите.“
8. Мора да се цените себеси
Ако чувствувате задоволство само тогаш кога се споредувате со другите, вашата иднина не е повеќе во ваши раце. Доколку се чувствувате добро поради она што сте го постигнале, не им дозволувајте на туѓите мислења или успеси да ви го одземат тоа. Иако нема да можете да ги спречите туѓите реакции на вашите постапки, не мора да се споредувате со другите и никогаш не земајте ги мислењата на останатите здраво за готово. На тој начин, без разлика што луѓето мислат или прават, вие ќе се чувствувате добро во врска со себе. Без оглед на туѓото мислење, едно е сигурно: Никогаш не сте толку добри или лоши колку што другите велат.
9. Животот е краток
Утрото е неизвесно. Сите го знаеме тоа, но сепак кога ќе изгубиме некој близок, тоа нѐ принудува да го преиспитаме нашиот сопствен живот: Како го поминуваме времето? Како се однесуваме со луѓето? Што ни е важно? Загубата е суров потсетник на минливоста на животот, но не би требало да биде. Секое утро потсетувајте се дека секој ден е подарок и дека мора да го искористите максимално. Добрите денови секогаш почнуваат со позитивен начин на размислување.
10. Промените се неизбежни – прифатете ги
Само кога ќе ги прифатите промените, ќе можете да ја согледате нивната позитивна страна. Треба да имате отворен ум и отворено срце за да ги препознаете можностите што ги нудат промените. Доколку постојано ги правите истите работи со надеж дека ќе ги одбегнете промените по пат на игнорирање, осудени сте на неуспех. Освен тоа, лудоста се дефинира како правење на истите работи одново и одново, а очекување различни резултати.
Животот е како река која непрекинато тече. Ако работите ви одат добро, ценете ги и уживајте во нив, бидејќи порано или подоцна тоа ќе се смени. Доколку постојано барате нешто повеќе, нешто подобро и мислите дека тоа ќе ве направи среќни, никогаш нема да бидете присутни во сегашноста и нема да можете да уживате во убавите моменти пред да завршат.
Тешко е постојано да се донесуваат важни одлуки и да се преиспитува начинот на кој живеете. Но, никогаш нема да можете да созреете доколку не излезете од вашата удобна зона. Живејте со полни гради и никогаш не престанувајте да поставувате прашања.
Доколку навистина сакате да бидете среќни, мора да ги прифатите и овие 10 сурови вистини за животот.