Пролетни модни комбинации кои мора да ги испробате уште овој викенд! - Part 2

Пролетни модни комбинации кои мора да ги испробате уште овој викенд!

6. Од друга страна пак, романтичните дами ја дочекаа пролетта со долги, разлетани фустани во пастелни бои. Комбинирајте ги со едноставни патики, ставете очила за сонце и нека вашата викенд авантура започне.

7-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_

7. Сонцето и топлото време не мора да значат дека ќе се откажете од своите омилени црни комбинации. Ако тие се дел од вас и вашиот стил, нема потреба да ги исфрлите туку така. Своето омилено дневно парче освежете го со интересни детали, како што се црвените шари на пантолоните, црвен лак за нокти или интересно парче накит. Освен тоа, и самите парчиња облека кои се во црна боја и едноставни може да бидат со интересен крој, па на тој начин да го направите вашиот изглед поефективен. Кој вели дека со црното не може да си играте?

8-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_ 9-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_

8. За девојките кои сакаат црни комбинации, но со ефективни детали, добар додаток за нивниот изглед може да бидат впечатливи патики или пак кожна јакна во некоја „луда“ боја. Ние се заљубивме во оваа црвена јакна! Со обична блуза и залепени панталони, ништо друго не ви е потребно.

10-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_

9. Заблескајте оваа пролет и овој викенд во енергични бои од глава до пети. Сигурно нема да останете рамнодушни на оваа комбинација во црвени нијанси која едноставно мами насмевка на лицето.

11-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_

10. Класичниот спој на фармерки, бели патики и спортска јакна никогаш не излегува од мода, а вистински избор е тогаш кога станува збор за викенд комбинации, за лежерни и опуштени прилики. Ќе се чувствувате пријатно и удобно, а притоа ќе изгледате модерно. Никако не заборавајте ги очилата за сонце!

12-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар