Проблеми во љубовта со кои се соочуваат анксиозните девојки

Проблеми во љубовта со кои се соочуваат анксиозните девојки

Анксиозноста е многу чест проблем во денешно време, пред сѐ поради брзиот и стресен начин на живот. Сѐ повеќе млади личности секојдневно се соочуваат со анксиозноста која им го отежнува нормалното функционирање во сите животни сфери. Овој проблем особено се одразува на љубовниот живот кај индивидуата, најчесто тогаш кога се започнува со нова љубовна врска и сѐ е ново и непознато. Во тој контекст прочитајте кои се проблемите во љубовта со кои се соочуваат анксиозните девојки и можеби ќе ви помогнат подобро да ги разберете и да сочувствувате со нив…

Проблеми во љубовта со кои се соочуваат анксиозните девојки

„Кога е вистинскиот момент да му кажам на партнерот дека имам проблеми со анксиозноста?“

Најтешко е да се процени кога е соодветно да му се каже на партнерот за анксиозноста. Дали е подобро да се каже пред или по паничниот напад кој се случил додека сте биле заедно? Што ако тоа го одбие и не сака повеќе да биде со вас? Оваа одлука е поврзана со тајмингот и е од клучно значење за врската.

„Како да го научам партнерот да ја прифати мојата чудна рутина од која апсолутно не смеам да скршнам?“

Овие луѓе честопати создаваат некоја своја, посебна рутина која им помага да ги ублажат симптомите на анксиозност, но која изгледа многу чудно за другите луѓе. Како ќе му објасните на партнерот дека пред некој важен настан вие едноставно морате да шетате низ собата и да си зборувате гласно сами со себеси? Не грижете се. Ако навистина му значите, колку и да му изгледа тоа чудно, нема да ви замери.

„Секогаш кога партнерот ќе ми каже дека не може да се видиме затоа што веќе имал планови, сигурна сум дека ме мрази и никогаш повеќе нема да зборува со мене“

Но, ова чувство ви поминува по една минута откако ќе се смирите, разумно ќе размислите и ќе сфатите дека секоја постапка на другите луѓе не е личен напад на вас.

„Бројам колку време му е потребно за да ми одговори на пораката“

Анксиозните луѓе постојано водат сметка за времето и тие мерат сѐ што им се случува во животот. Тие мерат колку партнерот се грижи за нив и колку време им посветува иако знаат дека тоа е погрешно.

„Потоа правам споредба помеѓу времето кое му било потребно да ми одговори сега и времето кое вообичаено му е потребно за да ми врати на пораката“

Во меѓувреме споредувате како тонот на неговите пораки се променил и почнувате да се грижите дека тој не е повеќе заинтересиран затоа што во последно време наместо со „хахаха“ враќа со обично смајли.

Проблеми во љубовта со кои се соочуваат анксиозните девојки

„Го анализирам секој мој потег и збор кога сум со него за да бидам сигурна дека не ѝ дозволувам на анксиозноста да ја контролира врската“

Премногу се трудите да се однесувате како нормална личност, што најчесто доведува до спротивениот ефект.

„Најстрашно е кога ќе се случи неизбежниот прв напад на анксиозност пред нов партнер“

Ова е навистина ужасен и одлучувачки момент. Сигурно не сакате ова да ви се случи пред некој кој навистина ви се допаѓа, но од друга страна, добро е да видите дали тој ќе може да се справи со тоа.

„Мислам дека поминува време со мене затоа што чувствува обврска, а не затоа што навистина сака да биде во мое друштво“

Тешко ви е да поверувате дека некој би можел убаво да си поминува во ваше друштво. Се доживувате себеси како напорни и здодевни личности, поради што сте многу несигурни и ништо не земате здраво за готово.

„Се плашам дека сум премногу досадна кога ќе му пишам порака за да го прашам како е“

Секогаш се чувствувате како да претерувате и досадувате иако разумот ви вели дека нема ништо нелогично и страшно во тоа да се прати обична порака.

„Кога ги запознавам неговите пријатели, веднаш започнуваат анксиозните мисли бидејќи не сум сигурна дали им се допаѓам или не“

Запознавањето на неговите пријатели е голем настан бидејќи станува збор за сосема нови луѓе пред кои треба да се однесувате нормално и опуштено.

„Тешко ми е да објаснам дека понекогаш ми требаат два дена да вратам на пораката, затоа што мозокот ми се исклучил на кратко“

Ова воопшто не е лично. Понекогаш потребно ви е да го исклучите телефонот и да се изолирате, затоа што работите ви станале премногу напорни и на вашиот мозок му е потребен одмор.

„Останувам будна цела ноќ кога спијам кај него затоа што не можам да престанам да размислувам“

Главата можеби ви е мирна на перницата, но очите ви се широко отворени и не можете да престанете да размислувате за тоа дали требаше да ги купите чевлите што ги видовте или да го изедете последното парче пица.

Проблеми во љубовта со кои се соочуваат анксиозните девојки

„Премногу се трудам да не го оттргнам партнерот од себе, затоа што постојано се плашам дека ќе ме остави“

Сакате да бидете со оваа личност, многу ви значи и тоа премногу ве плаши. Па така, еден тажен дел од вашиот мозок ви вели дека животот би ви бил многу полесен доколку никогаш не би биле заинтересирани за никого.

„Понекогаш сфаќам колку е тешко да се биде со некој кој има проблем со анксиозност и се чувствувам многу виновно поради тоа“

Знаете колку нервира тоа што понекогаш знаете да заплачете за нешто толку незначајно како изгорено парче леб, но го цените трпението на вашиот партнер и наоѓате начин да му се оддолжите за тоа.

„Тешко ми е да објаснувам како е возможно од плачење да преминам во смеење за неколку минути“

Понекогаш знаете да бидете во чудно и променливо расположение, но тоа трае многу кратко и веднаш се враќате во нормала.

„Не сакам да се справувам со партнери кои сакаат да ме поправат“

Тие можеби ви мислат добро и сакаат да направат да се чувствувате подобро, но анксиозноста е сериозен проблем кој не може вашиот романтичен партнер едноставно да го поправи. Секој кој се обидува да ве поправи, не разбира како анксиозност всушност функционира.

„Постојано се потсетувам себеси дека е возможно да му се допаѓам некому“

Кога живеете со анксиозност чувствувате како целиот свет да е против вас, ништо не е фер и никој не би можел да ве сака. Но, тоа не е вистина, затоа што вие сте прекрасни. Едноставно понекогаш морате да се справите со ужасна работа како што е анксиозноста, што не ве прави за никаде, туку посилни и попосебни од останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар