Природни лекови од ореви кои можете да ги направите сами
Оревите се ризница за здравјето, полни со антиоксиданси и хранливи материи. Од овие хранливи плодови можете да направите разни кулинарски специјалитети, но и лековити препарати кои ќе го чуваат вашето здравје во текот на целата година.
1. Ореви во мед за подобра плодност и потенција
Оревот е природен афродизијак и ги содржи витамините Б1 и Б2 кои на телото му даваат енергија, како и витални елементи кои се важни за развојот на жлездите. Богат е и со цинк, кој пак е важен за нормална сексуална активност и за работата на простатата.
Во комбинација со медот делува засилено, кој исто така обилува со материи кои се важни за машкото репродуктивно здравје.
Во еднакви делови измешајте мелени ореви со костенов мед и јадете по 3 лажици од мешавината 3 пати на ден. За да се постигне посакуваниот резултат, лекот треба да се применува најмалку 20-30 дена. Оваа мешавина е делотворна и за висок крвен притисок и главоболка.
2. Мешавина против анемија
Оваа смеса ќе ви помогне да ги победите анемијата и исцрпеноста.
Подгответе смеса од половина килограм ливадски мед, половина килограм мелени ореви и еден лимон. Сето тоа добро измешајте го и земајте по една лажица на секои 3-4 часа.
3. Ореово млеко против чир на желудник
Ореовото млеко е лек кој го поттикнува залечувањето на чиревите во желудникот. За подготовка на млекото прелијте 20 грама смелени ореви со 2 дл зовриена вода. Добро потресете, процедете и додајте голема лажица мед.
4. Зелени ореви за штитната жлезда
Младите зелени ореви се богати со главните градбени елементи на хормоните на штитната жлезда – јод и тирозин. Во клинички испитувања е потврдено дека маслото од зелени ореви значајно го зголемува нивото на тироксин.
Овој препарат е многу популарен во лекување на хипотиреозата по природен пат. Во еднакви количини помешајте мелени зелени ореви (големи колку лешници) со мед. Оставете ги на темно место 30 дена, а потоа конзумриајте по една лажичка дневно.
5. Традиционална руска тинктура против сите видови тумор
Иситнете 150 грама корен од валеријана, 50 грама морско оревче и 50 грама пупки од бреза, прелијте ги со ½ литар вотка или ракија, а потоа додадете 150 грама цели зелени ореви сосе лушпа. Оставете да отстои 10 дена на темно место.
Земајте по 15 капки од тинктурата во 1 дл вода, трипати на ден, пола час пред оброк.
5. Рецепт за прекривање дамки при витилиго (бели дамки на кожата)
Наберете зелени ореви пред да созреат. Премачкајте ги дамките со внатрешните делови од лушпата на оревот. Три дена мачкајте го истото место со сокот и настојувајте да не го миете со вода. Зелените ореви можете да ги замрзнете и да ги чувате до идната сезона.
7. Чај од млади ливчиња од ореви за чистење на крвта
Чајот од млади ливчиња од ореви се применува како средство за чистење на крвта. Тоа е одлично средство и против кожни заболувања, дијабетес и жолтица, хемороиди, паразити, артритис, а заради нискиот процент на натриум се препорачува и при бубрежни заболувања.
После берењето листовите треба да се исушат. За подготовка на чајот, 2 лажици од исушените ливчиња прелијте ги со 2 дл ладна вода и варете 5 минути. Оставете го садот поклопен 15 минути, па процедете. Дневно можете да пиете по 3 шолји.
8. Облоги од реси од ореви против крварење
Две раце реси прелијте ги со литар зовриена вода и оставете ги 20 минути. Овој препарат можете да го користите за облоги против крварење, хемороиди и за вагинално плакнење.
9. Прав за јакнење на организмот и лечење на рани
Сомелете ги исушените зелени плодови. За јакнење на организмот, дезинфекција и залечување на раните, земајте 2 лажички прав растворена во течност. За надворешни облоги промешајте 4 лажици во чај од ајдучка трева и нанесете на раната.
10. Сируп од млади свежи листови за здрава кожа
Потопете млади свежи листови во еднаква тежина алкохол и оставете ги да отстојат 48 часа. Додадете доволно мед колку за да добиете густ сируп. Земајте по една лажица пред оброк.
Пред да започнете со третманите и земањето природни лекови, задолжително консултирајте се со вашиот доктор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.