Придобивките од одењето со велосипед на работа

Придобивките од одењето со велосипед на работа

Луѓето кои одат на работа со велосипед:

  • имаат подобар крвен притисок, подобро ниво на инсулин во крвта и подобро ниво на триглицериди.
  • имаат поголемо чувство на слобода, релаксираност и возбуда во споредба со оние кои користат автомобил.
  • сметаат дека се поздрави откако почнале да возат велосипед.
  • истакнуваат дека општата здравствена состојба им е подобрена, имаат повеќе самодоверба и подобро го совладуваат стресот.
  • поретко се чувствуваат изморено и немаат проблеми со спиењето.

Придобивките од одењето со велосипед на работа

Возењето велосипед согорува калории. Зависно од вашата тежина, можете да согорите 215-500 калории со 30-минутно возење:

  • 68 килограми – 215 калории
  • 90 килограми – 285 калории
  • 113 килограми – 360 калории
  • 136 килограми – 430 калории
  • 160 килограми – 500 калории

Овие вредности се дадени за возење со брзина од 16 км на час. Бројот на согорени калории зависи од тежината, физичката спремност, брзината, бројот на угорни патишта…

Придобивките од одењето со велосипед на работа

Со само 3-часовно возење велосипед неделно, ја намалувате можноста за ризик од срцеви заболувања за 50%.

Просечен човек губи 6 килограми во првата година кога ќе почне да оди на работа со велосипед.

Секој дополнителен час поминат во автомобил на ден се поврзува со зголемување на шансите за здебелување за 6%.

Возењето велосипед за на работа заштедува пари, и тоа и од аспект на патни трошоци и од аспект на здравствени трошоци.

Придобивките од одењето со велосипед на работа

За да си го олесните возењето велосипед доколку живеете далеку од местото каде што работите, можете да одите со автомобил до пола пат, да се паркирате, па да продолжите на две тркала. Секако, ова значи дека треба да го носите велосипедот секој ден во кола.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар