Причини за појава на вагинални габични инфекции и природни начини на лекување
Вагиналните габични инфекции се чест здравствен проблем кој погодува голем број жени, а се јавува како последица од пиење антибиотици, носење мокар костим за капење во лето, користење агресивни средства за интимна нега итн. Најчест причинител на инфекција е кандидата, која претставува тип габа што предизвикува инфекција на кожата, ноктите и вагината, воспаление на уринарниот тракт, проблеми со варењето, како и замор.
Симптомите на вагиналната габична инфекција се чешање, непријатно чувство, густ и обилен бел исцедок, црвенило на кожата и оток. Оваа инфекција погодува повеќе од 75% од жените во текот на животот.
Што ги предизвикува габичните инфекции?
- Земање антибиотици кои ја нарушуваат рамнотежата помеѓу добрите и лошите бактерии како и pH вредноста на слузницата
- Исхрана богата со јаглехидрати со кои габите се хранат
- Пиење поголеми количини алкохол, кој во процесот на варењето се претвора во шеќер и воедно храна за габите
- Стресен живот и недоволна количина сон
- Носење мокар костим за капење бидејќи габите во влажна околина побрзо се размножуваат
- Неуреден начин на исхрана
- Конзумирање премногу кисела храна како закиселен зеленчук, користење многу оцет во салатите и сл.
- Носење претесна облека (пантолони, танга, во која телото не може да диши)
- Секојдневно користење на секојдневни влошки и често користење на тампони
- Бременост
- Дијабетес
- Перење гаќи на температура под 60 степени Целзиусови.
Природни лекови во борбата со габичните инфекции
Две-три габични инфекции на годишно ниво не се причина за загриженост, но ако се појавуваат почесто тогаш природните лекови не се доволни и треба да закажете лекарски преглед за да се утврди причината за ослабениот имунитет.
Лук – Зголемената конзумација на лук делува како природен лек против габите и бактериите заради сулфурните гликозиди, витамините и маслото. Лукот може да се нанесе директно на вагината, така што лушпата се отстранува и околу него се замотува чиста газа во вид на тампон, и така се пика во вагината. Внимавајте еден дел од газата да остане надвор за да можете полесно да го извлечете. Ако дојде до чувство на интензивно пецкање, извадете го тампонот. Терапијата треба да се практикува сѐ додека не се изгубат симптомите.
Јогурт – Јогуртот и разните пробиотици се сојузници на добрите бактерии и со самото тоа, непријатели на габите. При габична инфекција, пијте околу пола литар јогурт на ден. Јогуртот може да ви го намали чешањето и црвенилото и доколку го нанесете директно на зафатената слузокожа. Оставете го 10 минути и потоа исплакнете со вода.
Етерични масла – Етеричното масло од кантарион и чајно дрво може да ги уништи габите, но притоа треба да се внимава на квалитетот и на густината на маслото за да не би дошло до алергиски реакции. Неколку капки специјализирано масло капнете на тампон и вметнете го во вагината. Уште поедноставно решение се вагиналетите од кантарион кои се купуваат во аптека.
Чисто природно кантарионово масло – Ова масло може успешно да се покаже во долготрајно лекување на габичните инфекции. Ставете мала количина во сад и малку натопете тенок тампон. Целиот тампон не смее да биде натопен. Менувајте го тампонот и повторувајте ја постапката сѐ додека не исчезнат симптомите.
Сода бикарбона – Сода бикарбоната ќе ја подобри алкалната состојба на организмот во која габите потешко се размножуваат. Можете да подготвите раствор од 2 литри зовриена вода со 2 големи лажици сода бикарбона и со таквата комбинација секојдневно да ја измивате вагината во период од месец дена, освен за време на менструација.