Познатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан
4. Салата од зелка или марула
Никогаш нема да видите луѓе кои работат во ресторан како нарачуваат салата од зелка или марула. Најголемата опасност е тоа што ова јадење има одлични услови за развој на бактериите кои обожаваат да се „населуваат“ во влажните делови од листовите на салатата. Речиси е невозможно беспрекорно да се исчисти зелката за да се уништат сите тие штетни „жители“.
5. Леб
Тројца добро познати готвачи од Америка признале дека неизедените парчиња леб само се пренесуваат од една маса во ресторанот на друга. Секако дека вработените ги топлат пред да ги послужат, но тоа не значи дека се тазе.
6. Риба во понеделник
Поголемиот дел од рестораните купуваат риба пред викенд, односно во четврток или петок. Рибарниците обично се затворени во текот на викендот, а рибата може да остане свежа само три дена. Тоа значи дека ако одлучите да се почестите со риба во понеделник, или ќе добиете нешто многу бајато или ќе мора да се задоволите со нешто што дошло од замрзнувачот.
7. Остриги
Не треба да нарачувате остриги во ресторани кои не се познати по нивната морска храна. Бајатите остриги лесно можат да предизвикаат труење со храна. Најдобро е да бидете сигурни дека ресторанот ги набавува од сигурно место, во свежа состојба.
8. Јадења што не се типични за одреден ресторан
Готвачот Мајкл Армстронг советува дека треба да ги нарачувате само јадењата по кои е познат одреден ресторан. Не очекувајте дека ќе бидете задоволни од храната ако нарачате хамбургер во пицерија или риба во сендвичара. Тоа е така затоа што состојките за јадењата кои не се нарачуваат толку често предолго време стојат во фрижидер и постојат големи шанси дека се расипале.
Доколку сакате да си поминете убаво кога ќе решите да јадете надвор од дома, прочитајте ги овие 8 тајни и трикови за квалитетно помината вечера во ресторан.