Положбата во која спиете зборува за вашите љубовни навики
Една третина од секои 24 часа ги поминуваме во спиење, па оттаму и една третина од животот ни поминува на таков начин. Затоа научниците се толку опседнати со сонот како „активност“ и истражуваат што значи секој дел од него. Ако ве интересираат нивните откритија во коишто се поврзуваат позициите во кои луѓето спијат со нивните љубовни навики, податоците следуваат во продолжение.
Позиција на фетус
Оние кои најчесто спијат во позиција на фетус однадвор изгледаат цврсто, но однатре се многу нежни и кревки. На овие луѓе им треба повеќе време за да се зближат со потенцијалниот партнер, а потоа и повеќе време за да се отворат додека се во врска со него. Тешко ги изговараат зборовите „те сакам“ за првпат, но штом еднаш изградат доверба и престанат да се плашат од љубовта, нивните врски цветаат.
Исправена положба
Оние кои спијат исправено со рацете спуштени надолу покрај телото се луѓе кои лесно влегуваат во нови врски, но често од нив излегуваат повредени. Сакаат да излегуваат за да бараат партнер, но честопати се заведени од некој кој не сака ништо сериозно со нив.
Со испружени раце
Ако спиете настрана, а рацете ви се испружени кон напред, вие сте личност која се сомнева во луѓето затоа што некогаш порано сте биле повредени. Гледате со цинизам на љубовните врски на другите и не му верувате ниту на својот партнер кога го имате. Романсите за вас се нешто кое кога-тогаш мора да заврши.
На грб со широко раширени раце кои ја гушкаат перницата
Ова е знак кој укажува на едноставни и пријателски расположени личности. Тие уживаат во романсите, честопати скокајќи од една во друга врска. Тоа го прават затоа што не сакаат да бидат повредени и не се задоволуваат со ништо помалку од вистинска љубов. Исто така се многу искрени.
Со рацете под брадата
Некои луѓе спијат во позиција во која дланките им се стиснати во тупаница и сместени под брадата. Позицијата е слична како онаа во форма на фетус, а слични се и карактеристиките на кои таа укажува. Овие луѓе сакаат да остават слика дека се силни и бестрашни личности иако однатре се многу нежни. Тие, исто така, се луѓе кои сакаат да анализираат сè околу себе, во секого се сомневаат и длабоко ја анализираат секоја постапка на луѓето околу нив. Тоа го прават затоа што сакаат да бидат сигурни дека се опкружени со личности со добро срце.
На стомак со раширени раце кои ја гушкаат перницата
Луѓето кои спијат во ваква позиција се срамежливи и избегнуваат конфликти. Кога ќе загусти во врската, тие знаат да го свртат грбот и да го остават партнерот. Нема да се расправаат во таква ситуација. Едноставно, сметаат дека врската треба сама по себе да биде убава и тоа не е нешто за кое тие треба да се борат. Не се слаби личности, само не сакаат да бидат во врска која носи кавги.
Гушкање на перницата
Луѓето кои ја гушкаат перницата секогаш кога спијат уживаат во љубовта. Сакаат да бидат вљубени и сакаат да бидат љубени од другите. Тие се грижливи, сочувствителни и сакаат блискост со луѓето. Секогаш покрај партнерот имаат уште многу други цврсти врски со пријателите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.