Оваа година на модната сцена ќе преовладува жолтата боја: Еве како да ја комбинирате според вашиот тен
Ако имате темен и топол тен
Комбинирањето на жолтата боја со нијанса на сенф и кафеава, е лесен и елегантен начин за да изгледате неодоливо.
Ако нијансата на вашиот тен е средна и студена
Изберете златна боја, а уште подобро е ако се одлучите за свила или сатен.
Ако имате светол и топол тен
Жолтата боја со нијанса на сенф е одлична за вас, а особено одговара со кратко палто. Оваа боја можете да ја комбинирате и во зимските и во пролетните месеци.
Ако имате неутрален тен
Нежните и светли бои како нијансите на нарцисите и бананите, совршено ќе ја надополнат вашата кожа. За да комбинирате различни нијанси од една боја, препорачливо е секоја да биде во различна текстура.
Ако имате светол и студен тен
Вам ќе ви одговараат повеќе нијанси на жолта боја, но најдобро е повеќе внимание да посветите на нијансите на мед.