Одлични природни масла што ги бришат брчките од вашето лице
Маслата против стареење се тајни состојки на многу креми против брчки, а благодарение на нив кожата станува мека. Маслото ѝ дава сјај, младешки и свеж изглед на кожата. Тоа се нанесува на лицето со триење, во вид на блага масажа и на тој начин побрзо и подобро се впива во кожата, притоа хранејќи ја и правејќи ја поздрава. Погледнете кои масла помагаат во борбата против стареењето, хидрирајќи ја вашата кожа и бришејќи ги брчките од лицето.
Арганово масло
Аргановото масло исто така е познато и како мароканско масло. Тоа се подготвува рачно, цедејќи ја пастата добиена од плодот арган. Богато е со олеинска киселина, витамин Е и бета-каротен. Покрај тоа што ја освежува кожата и ја прави млада, ова масло е идеално за користење од страна на личности со сува кожа, бидејќи ги регенерира ќелиите и делува против воспаленија. Исто така тоа е одлично за нега на нокти и коса, а за тоа сведочи и податокот дека Мароканките со векови наназад го користат ова масло за разубавување.
Масло од маракуја
Ова масло се добива со ладно цедење на семето од плодот „Passiflore edulis“. Тоа е хранливо масло, богато со есенцијални масни киселини, минерали и антиоксиданси, длабоко ја хидрира кожата и има регенеративен ефект. Високиот процент есенцијални масни киселини и својствата на антиоксиданси, го прават овој производ идеален за третмани против стареење. Витаминот Ц прави кожата да изгледа посвежо и посветло. Ова масло исто така е богато со полифеноли а со тоа има и антистресно влијание на кожата, па може да се користи како замена за ноќна хидратантна крема. Кожата во текот на ноќта за обновува, а хранливото масло го подобрува овој природен процес.
Масло од авокадо
Ова масло содржи витамин кој речиси самиот е доволен за подмладување на сувата кожа. Витаминот Е во суштина е една од најважните супстанции кога станува збор за здравјето на кожата. Може да се користи секојдневно, а покрај подмладувањето, тоа исто така е и добро средство за хидрирање на кожата. Кората од авокадото содржи материи кои ја задржуваат течноста во кожата на лицето, така што дури и внатрешноста на кората може да се користи за масажа на кожата на лицето. Со негова помош може да се отстранат флеките или да се прави маска за лицето. Исто така е добар во борбата против некои видови рак и е силен антиоксиданс.
Масло од кучешки трн
Ова масло илјадници години било дел од народната медицина во Индија, Тибет и Кина. Оваа билка е погодна за негување на здравјето и убавината. Маслото од кучешки трн содржи повеќе од 190 хранливи материи, вклучувајќи го и витаминот Ц, чијашто присутност е 12 пати поголема од онаа во портокалите. Тоа има највисок процент на ретки омега 7 масни киселини, а е единствено растително масло кое во својот состав има омега 3, 6, 7 и 9. Омега 7 масните киселини помагаат во борбата против брчките, сувоста и губењето на еластичноста на кожата. Бидејќи има ефект на хидрирање, тоа ги обновува ќелиите на кожата и е идеален за третмани против стареење. Високото ниво на витамините Е и Ц делува на намалување на видливоста на брчките, а исто така ја затегнува и кожата.
Масло од семе од калинки
Ова масло е одличен третман против стареење. За добивање половина литар од ова драгоцено масло, потребни се повеќе од 100 килограми свежи семки од калинки. Ова масло има уникатен состав кој делува против воспаленија и ја стимулира регенерацијата на кожата. Исто така тоа го стимулира производството на колаген и честопати се користи како состојка во луксузната козметика. Затоа што е густо и тешко, се препорачува да се комбинира со други масла.
Масло од индиски смокви
Маслото од индиски смокви се смета како едно од најскапите во светот. Тоа се добива од малите семки на кактуси кои успеваат во топлите и суви предели. Тоа е многу ефикасно кога станува збор за третманите против стареење. Поради екстремно високиот процент есенцијални масни киселини, ова масло ја чува еластичноста на кожата, го намалува губењето на влажноста и го забавува нејзиното стареење. Содржи висок процент палмитинска киселина која е одлична за хидратација.
Масло од чиа семе
Поради високиот процент на антиоксиданси, маслото од чиа семе е совршен додаток за јадењето што овозможува идеална нега на сувата кожа. Високиот процент на омега 3 масните киселини помага во одржувањето на младешкиот изглед. Исто така тие се одговорни за интензивната хидратација на кожата, што овозможува помала видливост на брчките.
Ореово масло
Ореовото масло е богато со витамини и минерали. Тоа е многу делотворно за кожата и ги намалува знаците на стареење и е ефикасно во борбата против брчки. Потребно е редовно да го користите и со текот на времето ќе ги отстраните брчките од лицето. Исто така ова масло е добро за сончање и за нега на косата.