Нови трендови за оваа есен што целосно ќе нѐ освојат - Part 2

Нови трендови за оваа есен што целосно ќе нѐ освојат

4. Логоа

Логоата и натписите на облеката, па дури и чантите и обувките кои носат име на дизајнер или одредена порака, се враќаат на големата врата. Вашата модна комбинација е одличен начин за да си ги искажете ставот, мислењето за нешто и расположението, а оваа есен ќе имате многу прилики за да изберете вакви парчиња облека.

1-novi-trendovi-za-ovaa-esen-koi-sosema-kje-ne-osvojat-www.kafepauza.mk_

5. Пердуви

Целата поента е да си играме со различни стилови, бои, материјали и да го спојуваме неспојливото. Уште од минатата година можевме да видиме маслинести јакни со пердуви, а исто така е добро да изберете и некои поелегантни здолништа или фустани со додадени пердуви. Вашиот изглед ќе биде занимлив и впечатлив, но и ќе добиете одредена доза на елеганција, дури и доколку е во прашање претходно наведената маслинеста јакна.

6-novi-trendovi-za-ovaa-esen-koi-sosema-kje-ne-osvojat-www.kafepauza.mk_

6. Широки, длабоки чизми

Уште од минатите години длабоките чизми над колената станаа апсолутен хит. Овој тренд повторно се враќа, но со мала промена. Чизмите не мора да бидат целосно залепени за ногата, туку сега се малку пошироки и понабрани. Во стилот на осумдесеттите поголемиот дел од моделите имаат шпицест врв. Можете да ги комбинирате со здолништа, фустани, како и да ги носите врз фармерки.

7-novi-trendovi-za-ovaa-esen-koi-sosema-kje-ne-osvojat-www.kafepauza.mk_

Доколку сте во потрага по поголема инспирација за вашите есенски модни комбинации, погледнете ги и овие есенски трендови кои можете да ги испробате на себе уште денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар