Непишани правила за среќен и успешен брак

Непишани правила за среќен и успешен брак

Верноста и поддршката во добро и во лошо се брачни правила, кои на сите ни се многу добро познати. Сепак, искусните парови знаат дека за среќен и успешен брак мора да се почитуваат и неколку непишани правила. Дознајте кои се тие.

Непишани правила за среќен и успешен брак

Не критикувајте ги семејството и пријателите на партнерот

Своето семејство смеете да го критикувате само вие и никој друг. Истото важи и за сите останати личности кои ви се драги во животот. Затоа и вие треба да внимавате што зборувате за пријателите и семејството на партнерот. Доколку тој е за нешто незадоволен од нив, не додавајте масло на огинот, туку бидете покрај него како советник и пријател.

Несаканите совети чувајте си ги за себе

Бидете му поддршка на партнерот и сослушајте ги неговите проблеми, но пробајте да го избегнете пристапот „јас знам што е најдобро“. Совет се дава во обид некому да се помогне, но кога се искажуваат премногу лични ставови, може да делува како да го критикувате.

Научете кога да го препуштите „главниот збор“

Секогаш вие ги миете садовите, бидејќи не ви се допаѓа како партнерот и пристапува на обврската? Парите ги чувате вие, бидејќи се плашите дека тој нема да биде внимателен? Престанете со овие навики, бидејќи не е добро сè да биде оставено на вашите плеќи. Наместо тоа, среќните парови секогаш бараат помош и совет од партнерот и функционираат како тим.

Не навраќајте се на стари кавги

Кавгите најчесто се повторуваат, бидејќи паровите често не ги решаваат проблемите до крај. Несогласувањата кои се натрупуваат можат да прераснат во огромен проблем и да имаат кобни последици.

Одлучете кои битки ви се важни

Успешните парови знаат кои работи се важни, а кои не, па знаат за кои нешта не вреди да се караат. Доколку нешто многу ви смета, кажете му го тоа на партнерот и решете го тој проблем. Имајте на ум дека навиките на партнерот не му се намерно смислени за да ве извади од кожа и дека најверојатно не е ни свесен дека така ви делува.

Исклучете се

Времето поминато со партнерот секогаш нека ви биде приоритет, макар тоа да значи и исклучување на телефонот или поминување викенд без интернет и телевизија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар