Неодоливи комбинации со капри пантолони кои мора веднаш да ги испробате - Part 2

Неодоливи комбинации со капри пантолони кои мора веднаш да ги испробате

4. Освен тоа, своите комбинации можете да ги направите уште повпечатливи и поинтересни со пантолони кои се во некоја весела боја. На пример, розовата е секогаш интересен избор, и тоа не само бебешко розовата туку и металик. За на работа, носете ги со класични кошули и сако, додека за некои поошуштени прилики можете да ги комбинирате со вашите омилени заводливи минијатурни блузи. Со вакви ефективни пантолони нема да ви бидат потребни други детали, а тие ќе совршено ќе изгледаат со сведени нијанси, како што е бежот, сивата, но и со, црната, белата.

6-neodolivi-kombinacii-so-kapri-pantaloni-koi-mora-vednash-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_ 7-neodolivi-kombinacii-so-kapri-pantaloni-koi-mora-vednash-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

5. Доколку е потребно да изгледате навистина работно, тогаш изберете комплет кој вклучува токму капри пантолони. На овој начин ќе изгледате многу помодерно и поженствено, дури и кога е во прашање некоја работна прилика.

8-neodolivi-kombinacii-so-kapri-pantaloni-koi-mora-vednash-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

6. Без разлика на тоа дали избирате пантолони од одреден материјал или оние наједноставните од тексас, доколку сте храбри, можете да направите сјајни комбинации кои се оригинални, необични и неодоливи! На пример, капри пантолони и здолниште, несекојдневно, а толку стилизирано, зар не? Со добар избор на бои, вашиот изглед може навистина да изгледа одлично и едноставно можете да ги оставите останатите без текст. Во позитивна смисла, секако.

9-neodolivi-kombinacii-so-kapri-pantaloni-koi-mora-vednash-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

7. За девојките кои не сакаат многу да експериментираат, класичната комбинација со капри фармерки и кожна јакна, со додаток на интересни сандали, чанта и кошула може да биде полн погодок. Особено ако се водите со паролата, помалку е повеќе.

10-neodolivi-kombinacii-so-kapri-pantaloni-koi-mora-vednash-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

Без разлика на кој начин ќе ги комбинирате, капри пантолоните се совршено практично и модерно парче облека кое мора да го имате во својот гардеробер. Верувајте, нема да се покаете, особено ако ги земете предвид сите начини на кои што можете да ги носите. Играјте си со својот стил и уживајте во своите омилени капри пантолони.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар