Неколку совети за совршен винтиџ изглед
5. Секоја ваша класична, елегантна комбинација надополнете ја со некоја одлична, елегантна чанта, баш како што било тренд со комбинациите популарни во тоа време кога денешниот винтиџ било нешто ново.
6. Овој тренд кој моментално е и тоа како актуелен и сѐ повеќе можеме да го видиме на улиците, всушност доаѓа од периодот на 80-тите години, а тоа се фармерките со висок струк кои даваат посебно женствен и секси изглед. Затоа немојте да ги избегнувате, а без разлика со што ќе ги комбинирате ќе изгледате ретро и шик.
7. Секогаш можете со мал додаток на чипка на вашиот фустан, кошула или блуза да создадете одличен ретро изглед кој ќе го засакате и кој задолжително ќе го практикувате ова лето.
8. Долгите, макси здолништа со разни дезени и мотиви се еден од најдобрите начини на кои можете да постигнете кул, ретро изглед. Освен тоа, одлично и доста пријатно ќе се чувствувате во текот на летните денови, па еве едно решение за тој проблем.
9. Широки ракави, кратки здолништа, ниски потпетици… Винтиџот е еден од најголемите трендови за оваа сезона, а важно е само да погледнете какви детали се „провлекуваат“ низ разните парчиња облека.