Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска

Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска

Добрите љубовни врски го подобруваат вашиот живот на сите полиња, го зајакнуваат вашето здравје, ум како и врските со останатите луѓе. Но, доколку таа не функционира добро може да предизвика стрес, немир, лошо расположение и во краен случај депресија. Врските се како инвестиции, колку повеќе вложувате, толку повеќе добивате. Секоја врска е уникатна сама по себе, луѓето се зближуваат поради многу причини и функционираат најдобро на најразлични начини. Но постојат неколку работи кои се заеднички за сите. Еве неколку начини кои ќе ви помогнат во одржување на цврстината на вашата врска или пак, ќе ви пружат мала помош при враќање на довербата, љубовта и забавата помеѓу вас.

Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска

Одржувајте ја физичката интимност

Допирот е фундаментален дел на човековото постоење. Топлиот допир кај возрасните предизвикува зголемување на нивото на окситоцин, хормон кој влијае врз способноста за приврзување и обврска. Во сериозна врска помеѓу двајца возрасни партнери, физичкиот однос често е столбот на таа врска. Но, тоа не би требало да биде единствениот метод на физичка интимност. Секојдневни, топли и нежни допири (држење за раце, прегратки, бакнежи) се подеднакво важни, колку и сексуалниот однос.

Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска

Поминувајте квалитетно време заедно

Сигурно имате пријатни спомени од вашите први состаноци. Сѐ ви изгледало ново и возбудливо и можевте да разговарате и да се забавувате со часови. Но, како што поминува времето се појавуваат нови обврски надвор од вашата врска, кои често влијаат негативно врз вашето заедничко време. Ако не поминувате квалитетно време заедно, почнуваат да се губат комуникацијата и разбирањето. Не заборавајте да се забавувате. Смислете интересен начин да го изненадите партнерот, играјте карти, одете на билјард или куглање. Издвојте една вечер за излегување, направете „екскурзија“ како на вашите први состаноци: Одете прво на кафе или пијалак, потоа продолжете во дискотека или на некоја забава и танцувајте до сабајле.

Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска

Никогаш не престанувајте да комуницирате

Сите ќе се согласиме дека добрата комуникација е основата на секоја добра врска. Секој од нас на различен начин најдобро ги прима информациите. Некои луѓе подобро реагираат на поглед, звук или допир, додека пак други на директен разговор. Пронајдете време да ги научите методи со кои вашиот партнер најдобро комуницира и не заборавајте да му/ѝ ги откриете и вашите. Фокусирајте се и на тоа што не се кажува. Невербалните знаци како контактот со очите, движењето на телото или допирот може да значат многу повеќе од зборовите. Ако некој инсистира дека е сѐ во ред, а притоа стиска со забите и го избегнува вашиот поглед, неговото/нејзиното тело говори дека не е најискрен/а со вас.

Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска

Направете компромис

Ако очекувате дека во врската се ќе биде по ваше 100% од времето, тогаш подгответе се за разочарување. Здравите врски се градат врз основа на компромис. Секако потребно е време и работа од двете страни за да постои разумен баланс во вашата врска. Научете да препознавате што му е навистина потребно на вашиот партнер. Тоа може многу да помогне при создавање пријатна атмосфера помеѓу вас. Исто така многу е важно и вашиот партнер да го научи истото за вас, па пробајте да бидете јасни во врска со она што го сакате.

Конфликтите се честа појава во врската. Но, за да се одржи цврстината на врската двете страни мора да бидат слушнати. При решавање на конфликтот, погрижете се да се борите за она што е фер, но не го напаѓајте партнерот директно и не отворајте стари рани. Наместо тоа почнувајте ги речениците со „јас“ при што ќе објасните како вие се чувствувате во врска со настанатиот проблем, без да наведувате милион причини зошто вие сте во право, а тој греши.

Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска

Очекувајте добри, но и лоши моменти

Не постои врска која нема лоши моменти. Дури и кога сѐ е во ред меѓу вас, надворешни проблеми кај едниот партнер може да предизвикаат „растресување“ на врската. Во таков случај научете да се контролирате. Никогаш не истурајте му се на вашиот партнер. Тој не е крив зашто денес професорот/шефот премногу ве изнервирал или мајка ви ве напнала. Но тоа не значи и дека треба да ги игнорирате проблемите настанати меѓу вас двајца. Влијанието на стресот врз вас се зголемува доколку ги потиснувате нерешените проблеми и се однесувате како тие да не постојат.

Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар