Неколку совети кои ќе ви помогнат доколку се чувствувате како целиот свет да ви се распаѓа
Кај сите луѓе понекогаш се јавува духовна криза во тешки периоди од животот и тоа е нормално. Невозможно е да се спречи таа појава, но може да се промени начинот на кој се реагира. Во такви ситуации многу малку луѓе се прашуваат што прават погрешно и што можат да направат за да ги поправат работите. Повеќето едноставно ги обвинуваат другите луѓе или судбината за тоа што им се случило. Но, само вистински силните и мудри луѓе согледуваат дека секој лош настан е прилика да се извлече поука и да се работи на личниот развој.
Секогаш пред да се случи нешто лошо, ни се појавуваат оние мали предупредувања, кои за жал не ги сфаќаме сериозно или што е уште полошо, целосно ги игнорираме. А кога нема да го чуеме шепотот, ќе го чуеме крикот. Иако поголемиот дел од човештвото живее во свесно незнаење за себе и потребите на сопствениот дух, неколкумина храбри се подготвени да преземат одговорност за својот живот и да го направат она што е потребно за да бидат среќни. Ние сме дојдени на овој свет со одредена цел и во одредени околности за да научиме и да стекнеме одредени искуства.
Секојдневно се соочуваме со здравствени проблеми кои во нивната позадина кријат подлабоки потреби и проблеми за решавање. Најчесто, нашето тело ни испраќа сигнали дека нешто не е во ред со нашиот живот и дека треба да застанеме и да видиме што навистина се случува. Но, ретко кој го прави тоа. Кога некого го боли глава, тој едноставно зема аспирин и не се прашува што довело до главоболката. Ако дојдеме до сржта на проблемот, тоа ќе значи дека ќе мораме да промениме нешто. А промените секогаш се страшни. Потребната промена некогаш толку многу се разликува од животот кој дотогаш сме го воделе, што нормално е дека тешко ќе ја прифатиме. Таа со себе носи многу преиспитувања и преземање поголема одговорност за сопствениот живот. Станува збор за уште еден пресврт кој нашиот ум не го прифаќа. Многу луѓе не се занимаваат со работата што ја сакаат, а би можеле. Треба да само да се обидат. Не можат да не успеат. Но, сите играме на сигурно, што е многу иронично бидејќи вистината е дека само промената е сигурна.
Поголемиот дел од нас се борат со брановите на реката, наместо да пловат по нив. Прашањето е што можеме да направиме и како. Ова се неколку практични и корисни совети кои многу ќе ви помогнат и ќе ја променат вашата животна перспектива…
1. Доколку на кој било начин сте биле предупредени (болест, несреќа, загуба), тогаш застанете. Што и да сте правеле дотогаш, застанете. Колку и да бара светот од вас да дејствувате, застанете. Бројте до милијарда ако треба, само застанете.
2. Медитирајте, размислувајте, влезете во внатрешната празнина и послушајте ја вашата душа која говори. Ако само дејствувате, а не мирувате, нема да можете ништо да чуете.
3. Во оној момент кога ќе сфатите што треба да направите, побарајте помош и таа ќе дојде на различни начини и во различни облици. Само бидете внимателни за да можете да ја забележите.
4. Побарајте поддршка од вашите пријатели, семејство, партнер… Многу е важно да имате поддршка.
5. Имајте верба. Без разлика дали верувате во Бог, енергија или во самите себе, имајте верба и ќе можете да постигнете сѐ што ќе замислите.
6. Пронајдете се себеси! Дознајте кои се вашите желби, стравови, позитивни особини, недостатоци и прифатете се такви какви што сте. Сакајте се себеси, затоа што вие сте совршени!
7. Направете го тоа што треба без оглед на стравот, сомнежите и болката. Спротивставете им се на пречките на патот, наместо да бегате од нив.
8. Верувајте дека сѐ е во ред и дека сѐ се одвива токму така како што треба. Водете грижа за себе за да бидете посреќни, побогати и за да живеете во благосостојба. Бидете себични за да можете да бидете несебични. Не можете да се одречете од она што го немате или сте го немале. Живејте!