Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

Листата на придобивки од виното е навистина голема, секако доколку се консумира во мали количини. Докторите препорачуваат да се пие по една чаша вино дневно, бидејќи преминувањето на оваа граница може да се одрази негативно врз здравјето.

Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

Следуваат неколку бенефиции кои ќе ги осетите доколку редовно пиете умерена количина.

1. Ја подобрува меморијата

Едно истражување направено на лица постари од 70 години, покажало дека оние кои пијат по една чаша вино дневно, паметат повеќе од останатите. Исто така, докторите објаснуваат дека тоа спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови.

2. Помага при согорување калории

Праксата покажува дека луѓето кои пијат вино редовно, имаат помала телесна тежина од оние кои го консумираат ретко. Докажано е дека испиената чаша вино, може да го натера вашето тело да согорува калории цели 90 минути.

Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

3. Го зајакнува имунитетот

Една Британска студија вели дека љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција со бактеријата Хеликобактер пилори, која може да предизвика гастритис, чир или рак на стомакот. Исто така, помага и при заштитата од труење со храна, како на пример од салмонела.

4. Заштитник на женските јајници

Една чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајници за 50%. Научниците веруваат дека ова се должи на антиоксидансите кои ги има во виното, а кои имаат антиканцерогени својства.

Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

5. Ги зајакнува коските

Во просек, луѓето кои се редовни консументи на вино, имаат поголема коскена маса од оние кои не го консумираат. Алкохолот го зголемува нивото на естроген, хормон кој го забавува разронувањето на старите коски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. драгица Reply

    da go podobruva zdravjeto vo normalni granici, inaku toa vika ;odi jas ke te stasam; 🙂

Остави коментар