Нека „бело од глава до пети“ биде вашиот избор за оваа сезона

Нека „бело од глава до пети“ биде вашиот избор за оваа сезона

Доколку сакате бели дневни комбинации, тогаш оваа сезона ќе можете да ги носите постојано. Нема повеќе правила како да ја комбинирате белата боја со останатите бои и непотребните описни примери како не би требало да носите премногу бело на себе. Тотално белите комбинации секогаш зрачеле со елеганција и гламур, па така секогаш треба да го носите она што во дадениот момент најмногу ви пријае и во што се чувствувате комотно. Доколку вашата омилена боја за пролетната и летната сезона е токму белата боја, тогаш немојте да се ограничувате да ја носите сè почесто.

1-neka-belo-od-glava-do-peti-bide-vashiot-izbor-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Оваа пролет можете да пронајдете исклучително интересни дневни парчиња облека кои одлично се вклопуваат заедно и даваат модерни и шик комбинации. Ќе го засакате овој тренд уште на прв поглед иако припаѓате на онаа група жени кои изгледот „бело од глава до пети“ го смета прикладен само за венчавка. Се лажете за ова, бидејќи ваквите комбинации можат вашиот секојдневен изглед да го подигнат на повисоко модно ниво.

2-neka-belo-od-glava-do-peti-bide-vashiot-izbor-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Доколку се запрашувате од каде да започнете и како да го комбинирате белото со бело, најдобро би било најпрво да го погледнете својот гардеробер и да направите селекција на сите бели парчиња облека кои ги носите и кои воопшто ги употребувате, а кои не. Често се случува некои парчиња облека да ги чувате со години, а воопшто да не ги носите, бидејќи со секоја наредна сезона мислите дека сега ќе можете да ги вклопите со нешто и дека тоа ќе изгледа фантастично. Но, она што е важно да го знаете и што многу модни експерти го препорачуваат е дека доколку некои работи не сте ги облекле со години е сосема сигурно дека нема да ги облечете никогаш повеќе. Затоа кога го средувате вашиот гардеробер потсетете се кога последен пат сте носеле одредено парче облека.

3-neka-belo-od-glava-do-peti-bide-vashiot-izbor-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Потоа, откако ќе ги издвоите сите парчиња облека кои може да се носат и се употребливи во бела боја, обидете се да споите што со што најмногу одговараат со цел да откриете што е потребно да докупите. Можеби вашата омилена бела кошула сега е малку сива, а некои дамки кои претходно не биле воочливи сега се гледаат. Сето тоа се случува од стоење, односно обидете се повторно да ги исперете, а доколку и тогаш не ги снема, треба да ги отстраните и тие парчиња.

4-neka-belo-od-glava-do-peti-bide-vashiot-izbor-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Сигурно во вашиот гардеробер имате бела кошула, бела памучна блуза и некои бели пантолони. Тоа за почеток ви е сосема доволно, додека тотално не се заљубите во тотално белите комбинации што во наредниот период ќе започнете да купувате само бела облека. Кога ќе облечете бели пантолони и бела кошула потоа слободно можете да продолжете со редење бели аксесоари како што се бел каиш, бели сандали, бела чанта, а дозволено е и да ја зачините вашата модна комбинација со некој каиш во интересна боја, но ние овој пат препорачуваме тоа да остане во некоја неутрална и базична боја како што е беж, кафеавата и црната.

5-neka-belo-od-glava-do-peti-bide-vashiot-izbor-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Бели панталони со широки ногавици од тенок материјал се одлични за овие топли пролетни денови, но дури во текот на летните денови ќе ја сфатите нивната предност. Нив можете да ги комбинирате буквално со сè, од најобични бели спортски блузи, бели свилени блузи, па и џемпери од тенок конец и поширок крој. Овој изглед се смета за идеален за завршувањето обврски во текот на денот, кога треба да облечете рамни сандали или балетанки, но ако во текот на вечерните часови рамните обувки ги замените со високи потпетици ќе добиете совршен вечерен стајлинг.

6-neka-belo-od-glava-do-peti-bide-vashiot-izbor-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Покрај белите фустани и пантолони, сега се во тренд и комбинезоните со широки ногавици, па така ќе можете да уживате во удобноста која ова дневно парче ќе ви го обезбедува и ќе го дополни впечатокот каде и да се појавите. На струкот можете да заврзете и каиш од бело платно кој е во комплет со самиот комбинезон кој сте го одбрале или да го замените со некој каиш во металик нијанса.

7-neka-belo-od-glava-do-peti-bide-vashiot-izbor-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Асиметричното здолниште можете да го вклопите со бело сако, а целата комбинација да ја „зачините“ со каиш кој ќе го заврзете околу струкот и тоа во сребрена боја. Сандалите во иста нијанса со тенки каиши ќе ви овозможат одличен спој. Она што исто така е важно кога ги комбинирате белите парчиња облека е да водите сметка за тоа материјалите да бидат од ист квалитет и белото навистина да биде бело, за да не добиете бело-жолта комбинација. Затоа секогаш излезете на дневна светлина за да се уверите во вистинската нијанса на облеката која сте ја избрале.

8-neka-belo-od-glava-do-peti-bide-vashiot-izbor-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар