Не е едноставно како што звучи: Изберете идеална бела блуза за вашата градба на тело - Part 2

Не е едноставно како што звучи: Изберете идеална бела блуза за вашата градба на тело

4. Мали гради

Доколку сакате да го одвлечете вниманието од вашите мали гради, тогаш изберете бели блузи со детали на џебовите или натписи на стратешки поставени места. Исто така, изберете некој малку поширок модел и секако избегнувајте ги оние што се премногу прилепени за телото.

5-ne-e-ednostavno-kako-shto-zvuchi-izberete-idealna-bela-bluza-za-svojot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

5. Тело во форма на јаболка

Ако сте градени како јаболко, најдобро ќе ви прилега бела блуза со А крој, која паѓа преку торзото и ги прикрива сите ваши ситни недостатоци. Ќе ви одговара и модел со крој во форма на ѕвоно, а избегнувајте ги оние кои се стеснуваат во долниот дел.

6-ne-e-ednostavno-kako-shto-zvuchi-izberete-idealna-bela-bluza-za-svojot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

6. Песочен часовник

Ако сте градени како песочен часовник, немојте да ја прекриете вашата женствена фигура и секогаш избирајте тесни модели. Секако, нема да купите блуза која ве стега, туку некоја која совршено ги истакнува вашите облини. Исто така, доколку купувате блуза за секој ден, се препорачува да го избегнувате длабокото деколте.

7-ne-e-ednostavno-kako-shto-zvuchi-izberete-idealna-bela-bluza-za-svojot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

7. Ситна градба

Сигурно многупати во бутиците сте пронашле блузи кои на долниот дел се врзуваат во јазол, и токму тие модели одлично им прилегаат на ниските, ситни девојки. Исто така, во оваа категорија спаѓаат и исечените, кратки блузи, а она што би требало да го избегнувате се туниките и долгите блузи, кои сепак можете да ги „спасите“ така што ќе ги заврзете во јазол.

8-ne-e-ednostavno-kako-shto-zvuchi-izberete-idealna-bela-bluza-za-svojot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

Дознајте и како можете да ја освежите вашата модна комбинација со помош на бела блуза.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар