Најголемата грешка за време на сексот која им се случува на сите

Најголемата грешка за време на сексот која им се случува на сите

Кога ќе се спомене грешка во секс, обично сите прво помислуваат на погрешни пози или лоша техника. Меѓутоа, една работа е поважна од сè тоа, бидејќи без неа тешко е да се постигне експлозивниот климакс. Што мислите, за што станува збор?

Најголемата грешка за време на сексот која им се случува на сите

За добар секс најважна е добрата комуникација помеѓу партнерите. Недостатокот од комуникација за време на сексот е најголемиот проблем во креветот кој подеднакво ги мачи и мажите и жените. Експертите тврдат дека сите правиме една голема грешка: Премалку ги слушаме нашите партнери, односно не обрнуваме внимание на нивните желби и ги игнорираме нивните реакции.

Во истражувањата спроведени на оваа тема многу жени се пожалиле дека мажите честопати премногу се потпираат на техниките научени од филмовите за возрасни кои се нереални или применуваат некои потези кои им се допаѓале на нивните поранешни партнерки. Не го земаат предвид фактот дека нивната сегашна партнерка веројатно има други преференции.

Од друга страна, пак, на мажите најмногу им смета тоа што жените се често пасивни, не преземаат иницијатива и не поттикнуваат на акција онолку колку што тие би сакале.

Најмалиот заеднички содржател на сите овие проблеми е недостатокот на комуникација за време на сексот. Иако сметате дека во интимните моменти нема простор за премногу говорење, сексуалните терапевти не се сложуваат со ова.

Тие се залагаат за јасното и гласно искажување на сексуалните желби и потреби, бидејќи само таквата отворена комуникација доведува до максимално задоволство од двете страни.

Затоа, заборавете на срамот и не кријте ги вашите желби ако сакате пред сè да си угодите самите себеси, но и да го усреќите вашиот партнер кој секако сака да биде главниот извор на вашето задоволство. На ваков начин поставете се и вие кон него и уживајте во здравиот сексуален живот кој и двајцата ќе ве направи поисполнети и ќе ја зацврсти вашата врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар