Најдете евтино сместување насекаде во светот
Автор: Александар Ниневски
AirBNB е стартап компанија која што им овозможува на корисниците да најдат сместување од други корисници. Оваа компанија започнала со работа на почетокот на 2008 година со прикажување на места за одредени настани и конференции кога цените на хотелите се особено високи, но набрзо сфатиле дека може лесно да се прошири и за секакви други пригоди. Иако на почетокот се нуделе огласи само во САД, во јули 2011 го прошируваат својот сервис на глобално ниво. За популарноста на овој сервис говори и фактот што Ештон Кучер инвестирал во него.Доколку сакате да патувате негде, само ја внесувате вашата дестинација, ги избирате соодветните датуми и останува да го изберете местото што најмногу ви одговара. Може да разгледувате слики, како и да прочитате коментари од други корисници што претходно престојувале таму.
Исто така можете бесплатно да го огласите вашиот стан, па можете и да заработите нешто. Меѓу огласите може да се најде само кревет во стан заедно со домаќини, како и цели станови, па и куќи.
Погледнете го следното промотивно видео за тоа како функционира AirBNB.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.