Најчести грешки при бојадисување на косата во домашни услови

Најчести грешки при бојадисување на косата во домашни услови

Автор: Сара Турановиќ

Денес постои голем избор на бои за бојадисување на косата во домашни услови кои што може да испаднат прекрасно, но за да го постигнете тој резултат треба да се придржувате до одредени правила. На пример, внимавајте да користите нијанса на боја која ќе одговара на вашиот тен. За да ги добиете посакуваните резултати, избегнувајте ги овие девет најчести грешки при домашно бојадисување на косата.

Hair Salon. Coloring.

1. Се фарбате во нијанса која е за два пати потемна или посветла од вашата моментална боја

Ако сакате од темна боја да добиете светла, тогаш не фарбајте ја косата дома, туку појдете на фризер. Тоа е промена која бара стручен третман и ако промената е драстична, на пример од темно кафеава да преминете во руса, најверојатно ќе ви бидат потребни неколку третмани.

2. Очекувате бојата да биде иста како на сликата од кутијата

Наместо да се потпирате на сликата од кутијата, која може да ве измами, односно да не одговара на вистинската боја, повеќе внимание посветете на типот и описот на бојата. На повеќе кутии ја пишува бојата (руса, црвена, црна) и нијансата (светла, средна, темна), а може да го пишува и тонот (топла, златна, ладна).

3. Ја оставате бојата да стои предолго

За да бидете сигурни дека ќе ја измиете бојата навреме, поставете си аларм за да ве потсети. Многу жени ја оставаат бојата да стои предолго, па доаѓа до оштетување на косата.

4. Ја миете косата во лавабо

Мијалниците и лавабоата немаат доволен притисок на водата, па бојата не може темелно да се измие, а хемикалиите кои ќе останат може да ја оштетат косата. Косата измијте ја над кадата или пак во туш кабина каде што ќе можете темелно да ја отстранете бојата.

5. Не се држите прецизно до упатствата

Без разлика дали ќе купите боја од различен производител или пак друга нијанса од истиот што веќе го користите, задолжително пред бојадисувањето прочитајте ги упатствата и прецизно држете се до нив. Времето за држење на косата се разликува од производител до производител, а некои бои пак се нанесуваат на влажна, а некои на сува коса.

2-Najchesti-greshki-pri-domashnoto-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_

6. Купувате премалку боја

Секогаш купувајте две кутии боја за да не останете без боја во текот на бојадисувањето. Особено ако имате долга, густа и виткана коса.

7. Ги фарбате белите влакна со полутрајна боја

Ако повеќе од половина влакна се бели, користете трајна боја за бојадисување бидејќи со полутрајната боја нема да ги покриете. Полутрајната боја за коса може да ја користите ако имате мал број бели влакна.

8. Се фарбате сами

Предниот дел може да го бојадисате сами, но за задниот дел ќе ви треба помош бидејќи тој дел не можете да го видите добро, па ќе треба да го правите тоа на слепо. Замолете ја вашата пријателка, некој од семејството или пак партнерот да ви помогнат.

9. Користите тон на боја кој не ви одговара со вашиот тен

Постојат два основни тонови боја, топли и ладни. Дали мислите дека изгледате уморно, како лицето да ви е црвеникаво и дека имате флеки по него? Тогаш веројатно користите тон на боја кој не ви одговара на вашиот тен. На жените кои брзо зацрвенуваат и горат на сонце подобро им стојат ладни тонови на боја, односно пепеласти и беж бидејќи топлите тонови ќе го истакнат црвенилото на кожата. Жените кои лесно поцрнуваат на сонце би требало да користат потопли тонови односно медени, карамела, бронзени и златни тонови. Некои жени се наоѓаат во средина, па им одговараат и топли и ладни тонови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар