Mонах од храмот Шаолин советува како да останете вечно млади

Mонах од храмот Шаолин советува како да останете вечно млади

Шифу Јан Леи е монах од храмот Шаолин и е одличен познавач на боречките вештини. Познато е дека овие монаси живеат долг, смирен и духовно исполнет живот, ослободени од стегите на современата технологија и надворешниот свет. Па затоа, не е ни чудно што изгледаат одлично и имаат неисцрпна енергија дури и кога ќе доживеат длабока старост. Погледнете кои се советите од овој монах кој ја открива тајната на здравиот и долг живот…

Совети од Шаолин монах за тоа како да останете вечно млади

Не размислувајте премногу

Размислувањето одзема енергија. Размислувањето може да направи да изгледате стари.

Не зборувајте премногу

Повеќето луѓе или зборуваат или дејствуваат. Подобро е да дејствувате.

Кога работите, работете 40 минути, па направете пауза од 10 минути

Кога гледате во едната иста работа подолго време, може да го оштетите видот и вашите внатрешни органи, како и да си го нарушите внатрешниот мир.

Кога сте среќни, треба да ја контролирате својата среќа

Ако изгубите контрола, ќе го нарушите природниот тек на вашата енергија.

Не грижете се премногу и не лутете се

Секојдневните грижи и лутината го оштетуваат црниот дроб и цревата.

Кога јадете, немојте да јадете премногу

Внимавајте никогаш да не се прејадувате затоа што така можете да ја оштетите слезината. Кога сте малку гладни, јадете малку.

Кога правите нешто, дајте си време, немојте да брзате

Секогаш имајте ја на ум следнава изрека: „Брзајте полека и наскоро ќе пристигнете.“

Одржувајте го балансот помеѓу Јин и Јан со вежбање

Ако постојано правите само физички вежби, а никогаш не практикувате чи гонг (традиционална вештина за негување на здравјето која вклучува правилно држење на телото, техники на дишење и фокусирано внимание), ќе го нарушите вашиот баланс и ќе станете нетрпеливи. Ќе ја изгубите енергијата Јин од вашето тело. Доколку, пак, никогаш не вежбате туку само медитирате, тоа нема да ви ја даде потребната Јан енергија и на крајот ќе ја истрошите целата. Токму затоа потребно е да посветите внимание и на физичките и на духовните вежби подеднакво за го постигнете балансот помеѓу енергиите Јин и Јан. Не е важно колку време ќе потрошите, важно е да ги познаете потребите на вашето тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар