Момците откриваат: Женски модни трендови што воопшто не им се допаѓаат
Светкави усни
Девојките веруваат дека светкавите усни изгледаат кул и модерно, но мажите се загрижени за тоа што ќе им се случи во стомакот доколку изедат еден куп светки по страсното бакнување.
Комбинезони
Модата се враќа и можеби е интересно да се негува стилот од 70-тите, но сѐ што им се врти на мажите во глава кога ќе ве видат во комбинезон е прашањето како одите во тоалет.
Преголеми очила за сонце
Девојките мислат дека големите очила за сонце им помагаат да изгледаат поситно и неодоливо, но момците сметаат дека личите на инсект.
Кратка коса
Девојките кои сакаат да направат голема промена и да ги шокираат луѓето околу нив се одлучуваат за храбар изглед како што е сосема кратката коса. Мислите дека вашето прекрасно лице доаѓа до израз со ваква фризура, особено ако го надополните изгледот со големи обетки, нели? Епа, момците сепак мислат дека личите на маж.
Високи патики
Девојките ги обожаваат овие патики бидејќи со нив делуваат повисоко, нозете им изгледаат потенки, а сепак го задржуваат опуштениот стил. Момците, пак, цврсто веруваат дека ако носите патики, би требало да можете да трчате во нив.
Вештачки трепки
Вештачките трепки прават очите да изгледаат крупно, а погледот неодолив, барем според девојките. Момците се сосема друга приказна. Тие мислат дека имате пајаци на лицето.
Во продолжение прочитајте и кои женски модни трендови момците едноставно не ги разбираат.