Момците откриваат: Што е за нив приземна девојка?

Момците откриваат: Што е за нив приземна девојка?

Многу често момците велат дека прекинале со некоја девојка затоа што таа летала многу високо во облаците. Тие секогаш тврдат дека можеби најважно од сѐ им е девојката да биде приземна, без оглед на тоа колку е интелигентна или убава. Но, што подразбираат тие под поимот „приземна“? Како препознаваат дали една девојка стои цврсто на земјата или не? Во продолжение прочитајте што значи да се биде приземна девојка според поголемиот дел од момците…

Момците откриваат: Што е за нив приземна девојка?

Независност

Приземните девојки не зависат од никого. Тие не се обидуваат на секој можен начин да привлечат внимание и многу е едноставно да се биде со нив бидејќи немаат многу потреби. Тие не очекуваат од партнерот да ги исполнува нивните желби, туку самите го прават тоа за себе.

Несебичност и отвореност кон нови искуства

Грижливите и сочувствителни девојки кои секогаш сакаат да им помагаат на другите се многу посакувани од страна на момците. Исто така, приземните девојки знаат на скромен начин да прифатат комплимент и немаат потреба од тоа да им се ласка. Момците не можат да одолеат на девојки кои сакаат да пробуваат нови работи и притоа не се грижат дали изгледаат глупаво или смешно.

Приземните девојки не се жалат

Некои девојки сметаат дека нормален разговор подразбира жалење за сопствените проблеми и озборување на луѓето кои не им се драги. Но, момците тврдат дека приземните девојки не се жалат 24/7, туку секогаш се позитивни и се обидуваат да го извлечат доброто од секоја негативна ситуација.

Приземните девојки не драматизираат

Според момците, доколку девојката е смирена, не ги преувеличува работите и не создава драма, таа цврсто стои на земјата. Приземните девојки се однесуваат со луѓето со почит и разбирање, не ги озборуваат зад грб и не изигруваат „беспомошна дама во неволја“.

Момците откриваат: Што е за нив приземна девојка?

Рационалност

Приземната девојка размислува разумно. Таа никогаш не ги зема здраво за готово бесмислените информации што ќе ѝ ги пренесат пријателите, медиумите или луѓето околу неа, туку размислува со своја глава. Секогаш е практична, добро располага со финансиите и знае кои се нејзините приоритети.

Самоувереност

Девојките кои цврсто стојат на земјата не се грижат што велат другите за нив. Тие секогаш се свои и се одликуваат со голема креативност и уникатност.

Опуштеност

Приземните девојки не се вознемируваат поради непотребни работи, туку секогаш се смирени и опуштени. Момците го наведуваат следниот пример: Ако таа нарачала пица со повеќе маслинки, но доставувачот на храна ѝ донел пица без ниту една маслинка, таа нема да полуди туку ќе ја прифати ситуацијата. Многу девојки би се вознемириле и би му се изнавикале на кутрото момче. Но, доколку таа влезе дома, види дека ја погрешиле нарачката и само ги поткрене рамениците, веројатно станува збор за многу приземна девојка која не прави од мравка слон.

Скромност

Приземните девојки не велат за себе дека се приземни. Тие не сакаат да се фалат за сопствените успеси и најтешко им е кога некој ќе им каже „Опиши се со три зборови“. Не се работи за тоа дека не знаат колку вредат или дека не се свесни за нивните позитивни карактеристики, туку едноставно непријатно им е да зборуваат за тоа. Но, не им пречи доколку другите ги пофалат.

Доколку не се пронајдовте во сите овие дефиниции на приземна девојка, не очајувајте! Дури и да сакате да драматизирате понекогаш, вистинскиот човек за вас ќе ве сака токму такви какви што сте со сите совршености и маани. Тој сигурно ќе успее да ја пронајде вашата приземност во некој друг аспект од вашата личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар