Моќна поема за смислата на животот
Многу луѓе се измачуваат себеси барајќи ја смислата на животот. Според некои смислата на животот е да се постигне голем успех и материјално богатство. За други да се основа фамилија и да се биде опкружен со блиските. За некои, пак, смислата на животот е да се пронајде внатрешен мир и да се постигне максимален развој на личноста. Но, она што сите го забораваме е дека суштината на животот се крие во малите, секојдневни работи на кои воопшто не им обрнуваме внимание и дозволуваме да се препуштиме на рутината и стресот наметнат од обврските и брзото животно темпо. Забораваме дека главната смисла на животот е да се биде среќен. Прочитајте ја следнава поема која говори токму за овој проблем со кој се соочува модерното општество.
Оној кој станува роб на рутината,
кој ги следи истите патишта секој ден,
кој никогаш не го менува темпото,
кој не ризикува и не ја менува бојата на неговата облека,
оној кој не зборува и не доживува,
умира бавно.
Оној кој ја одбегнува страста,
кој претпочита црно на бело,
и става точка по секоја реченица наместо да се препушти на мноштвото емоции
од кои очите сјаат,
кои проѕевањето го претвораат во насмевка,
од кои срцето силна чука при секое соочување со
грешките и чувствата,
умира бавно.
Оној кој не ги превртува нештата наопаку,
кој е несреќен на работа,
кој не сака да си ја ризикува сигурноста на сметка на несигурноста,
па да го следи својот сон,
оној кој не го игнорира разумниот совет барем еднаш во неговиот живот,
умира бавно.
Оној кој не патува,
кој не чита,
кој не слуша музика,
кој не наоѓа благодат во себеси,
таа која не наоѓа благодат во себеси,
умира бавно.
Оној кој полека ја уништува сопствената самодоверба,
кој не прифаќа помош,
кој ги поминува деновите жалејќи се за сопствената несреќа,
за дождот кој не престанува,
умира бавно.
Оние кои се откажуваат од планот уште пред да го започнат,
кои не поставуваат прашања за работите што не ги знаат,
оние кои не одговараат кога ќе им биде поставено прашање
чиј одговор го знаат,
умираат бавно.
Да се обидеме да ја одбегнеме смртта во мали дози,
да се потсетиме дека за да се биде жив
потребно е да се вложи многу поголем труд
од обичното дишење.
Само силното трпение ќе доведе до
постигнувањето неверојатна среќа.
Забелешка: Оваа поема со години кружи на интернет погрешно припишана на Пабло Неруда. Вистинскиот автор на поемата „Умира бавно“ е Марта Мадеирос. Информациите во врска со авторството се соодветно ажурирани на оваа страница.