Модни трендови што ќе доминираат во текот на сезоната пролет/лето 2017

Модни трендови што ќе доминираат во текот на сезоната пролет/лето 2017

Постои ли некој што не ѝ се радува на пролетта, деновите каде што времето ќе биде сѐ потопло, поубаво, кога и самата енергија ќе биде попозитивна и подготвена да нè активира за многу повеќе работи? Сигурно и самите вие сте многу среќни поради тоа што конечно ќе ја соблечете зимската јакна, ќе ги спакувате чизмите до наредната зима, а пополека во вашиот гардеробер ќе ги гледате разлетаните разнобојни материјали, што самите по себе го подигнуваат расположението на едно повисоко ниво. Кога веќе се радувате на сонцето и топлите денови, тогаш радувајте се и на новите модни трендови кои ќе ги „опколат“ пролетните и летните денови.

1-ova-se-modnite-trendovi-koi-kje-dominiraat-vo-tekot-na-sezonata-proletleto-www.kafepauza.mk_

1. Цветен дезен

Неспорен е и никој нема да може да го замени со доаѓањето на убавите, топли денови. Трендот со цветен дезен е еден од оние што како феникс, повторно и повторно се раѓаат, односно што се присутни во секоја сезона, а најмногу во текот на пролетта и летото. Меѓутоа, оваа сезона носи нешто повеќе од овој дезен, па можеме слободно да кажеме „цветовите никогаш не се доста“.

2-ova-se-modnite-trendovi-koi-kje-dominiraat-vo-tekot-na-sezonata-proletleto-www.kafepauza.mk_

2. Секси нозе

Точно, секси изгледот на нозете е секогаш во тренд. Но, оваа пролет овој тренд добива едно ново значење кое најмногу се гледа во доста провокативните, а сепак пристојни изрази и шлицови на здолништата. Долгите фустани кои ја покриваат целосно едната нога, а другата ја откриваат скоро до самиот врв на бутот се сѐ популарни, како и здолништата кои имаат необични изрази од едната страна или напред. И токму вака треба да изгледаат вашите нозе во текот на наредните месеци.

3-ova-se-modnite-trendovi-koi-kje-dominiraat-vo-tekot-na-sezonata-proletleto-www.kafepauza.mk_

3. Жолта боја

Еве ја бојата која ќе биде една од најголемите трендови во текот на летните месеци. Ако веќе сонцето е жолто, тогаш зошто да не го носите секогаш со себе во вид на некое парче облека или целосна модна комбинација, бидејќи е сосема сигурно дека ќе изгледате убаво, а уште поубаво и попозитивно ќе се чувствувате.

5-ova-se-modnite-trendovi-koi-kje-dominiraat-vo-tekot-na-sezonata-proletleto-www.kafepauza.mk_

4. Карнери

За овој тренд нема ништо повеќе посебно да напишеме, бидејќи веќе и самите знаете колку убаво карнерите изгледаат и како ја прават секоја модна комбинација да изгледа стилски и тренди.

6-ova-se-modnite-trendovi-koi-kje-dominiraat-vo-tekot-na-sezonata-proletleto-www.kafepauza.mk_

5. Асиметрија

Еден од најхрабрите модни трендови е токму асиметријата, односно парчињата облека кои не се симетрични, туку споени на начин да го „полудат“ мозокот. Доколку сте во потрага по нешто што ќе му даде печат на вашиот целокупен стил, тогаш асиметријата е вашата нова љубов.

7-ova-se-modnite-trendovi-koi-kje-dominiraat-vo-tekot-na-sezonata-proletleto-www.kafepauza.mk_

6. Струкирани топови

Ова е еден од трендовите што се провлече од минатите сезони, односно ќе доминира и во наредниот период, особено за време на жешките денови. Топови, маици, блузи, со модел „сечени“ под градите, во комбинација со фармерки, длабоки здолништа, во елегантни, лежерни и скоро сите останати стилови, ќе биде тренд кој и понатаму можете да го носите без да се грижите за неговата трајност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар