Модата е менлива, стилот е вечен: Како да се облекувате како њујорчанка?

Модата е менлива, стилот е вечен: Како да се облекувате како њујорчанка?

Секоја жена која имала барем една прилика да се прошета по улиците на Големото јаболко и да ја доживее атмосферата на Њујорк, оттаму се вратила комплетно маѓепсана со желба повторно да се врати. За тоа секако придонесува неверојатниот амбиент и атмосферата која владее на улиците на оваа неверојатна метропола, но и неверојатната модна трага која њујорчанките, а и њујорчаните, ја оставаат на секој кој ја сака и ја познава модата. Затоа ние денес ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат да се облекувате како вистинска њујорчанка.

0-modata-e-menliva-stilot-e-vechen-kako-da-se-oblekuvate-kako-njujorchanka-kafepauza.mk

1. Носете кожна јакна во текот на целата година

Без разлика дали живеат во предградието или во центарот на Њујорк, девојките во Големото јаболко ја сметаат кожната јакна како неизоставен дел од својот стил. Затоа тие кожната јакна ја носат во текот на целата година, бидејќи сметаат дека станува збор за парче кое може да ви даде доза на ризик во секој изглед и да ве издвои од останатите.

2-modata-e-menliva-stilot-e-vechen-kako-da-se-oblekuvate-kako-njujorshkana-www,kafepauza.mk_

2. Црната е нова црна

Многу бои доаѓаат и заминуваат од улиците на Њујорк, но една останува засекогаш – црната! Зошто? Бидејќи со оваа боја никогаш не можете да погрешите. Зад црната доаѓаат тегетот, сивата и другите неутрални бои.

3-modata-e-menliva-stilot-e-vechen-kako-da-se-oblekuvate-kako-njujorshkana-www,kafepauza.mk_

3. Избирајте шик обувки

Доколку сакате да се облекувате како њујорчанка, никогаш, ама баш никогаш, не заборавајте да облечете шик обувки, бидејќи тие се есенцијално дневно парче во гардероберот на секоја жена.

3-modata-e-menliva-stilot-e-vechen-kako-da-se-oblekuvate-kako-njujorchanka-kafepauza.mk

4. „Ит“ чантата е задолжителна

Њујорчанките никогаш нема да ги видите без стилска чанта, без разлика од кој бренд е таа. Едноставно, стилската чанта е „ит“ парче за секоја жена.

5-modata-e-menliva-stilot-e-vechen-kako-da-se-oblekuvate-kako-njujorshkana-www,kafepauza.mk_

5. Носете аксесоари

Доколку сакате вашиот стил да зборува наместо вас, тогаш никако не ги изоставајте аксесоарите. Најдобриот избор кој можете да го направите е впечатливиот накит, па за оваа сезона набавете го во што поголем број.

2-modata-e-menliva-stilot-e-vechen-kako-da-se-oblekuvate-kako-njujorchanka-kafepauza.mk

6. Дамски очила за сонце

Без разлика дали е сончев или облачен ден, њујорчанките не излегуваат од домот без очила за сонце. Овие денови на улиците на Големото јаболко се атрактивни ретро моделите, па за да изгледате како една од нив, водете сметка какви очила за сонце ќе носите периодов.

6-modata-e-menliva-stilot-e-vechen-kako-da-se-oblekuvate-kako-njujorchanka-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар