Митови и вистини за неверството
Еднаш неверен – секогаш неверен? Размислете подобро. Една студија спроведена од „YourTango“ која ја воделе 1.200 психотерапевти, советници и други експерти во таа област, покажала некои изненадувачки резултати кои ги побиваат добро познатите митови за неверството.
Мит #1 – Мажите се поневерни од жените
49% од испитувањата потврдуваат дека мажите изневеруваат повеќе од жените, но дури 47% од нив покажале дека и жените се исто толку неверни колку и нивните партнери – мажите.
Мит #2 – Мажите изневеруваат поради сексуално незадоволство
Всушност, 34% (мнозинството) се согласиле дека мажите изневеруваат кога се емоционално незадоволни во врската. Лин Р. Закери вели:
„Можеби ќе ви звучи изненадувачки, но голем број од мажите бараат личност со која ќе можат да се поврзат, која ќе биде нивна најдобра пријателка и интимна партнерка и кога го губат тој однос во врската, големи се шансите дека ќе го побараат на друго место.“
Мит #3 – Порнографијата и неверството не се поврзани
Не баш… Всушност, 59% од испитувањата покажале дека порнографијата на некој начин го поттикнува неверството.
Мит #4 – Кога станува збор за неверство, искреноста е најдобрата одлука
57% сметаат дека кога некој во врската бил неверен, не секогаш е добра идеја да му кажат на партнерот. Една од повеќето причини била и оваа:
„Ако личноста сфати дека тоа што го направила било погрешно и неоправдано и не планира да го повтори и сака понатаму да се посвети целосно на партнерот, признавањето нема воопшто да помогне.“
Доколку пред неверството комуникацијата помеѓу партнерите не била доволно искрена за длабок разговор поврзан со нивните проблеми во врската, тогаш признанието ќе предизвика само чувство на емоционална празнина, предавство, болка и бес и во никој случај нема да ги реши веќе постоечките проблеми. Но, ако неверството настанало од сосема друга причина, а комуникацијата со вашиот партнер ви е отворена и искрена и сте сигурни дека ќе можете зрело да разговарате за причините кои довеле до негова појава – тогаш искреноста дефинитивно е најдобра одлука…
Мит #5 – Политичарите и славните личности изневеруваат повеќе од останатите
Скоро 47% од резултатите покажуваат дека славните личности не изневеруваат повеќе и почесто од сите нас. Но, неверството во тие кругови влијае на неговата перцепција кај останатите.
Мит #6 – Еднаш изневерил/а, секогаш ќе изневерува
81% од испитувањата укажуваат сосема на спротивното. Всушност не може ни да се генерализира бидејќи луѓето изневеруваат од различни причини. Доколку изневериле зашто не биле среќни со партнерот и подоцна ја поправат врската или пак, си отидат и започнат сосема нова врска од која ќе бидат позадоволни, големи се шансите тие веќе никогаш да не бидат неверни.
Најдобрите начини за спречување појава на неверство се:
- Двајцата партнери да се чувствуваат ценето и важно помеѓу себе – Ако вашиот партнер се чувствува пријатно, сигурно и посакувано од вас, нема да има потреба да бара друга врска надвор од вашата…
- Добра комуникација – Без разлика дали станува збор за негативни или позитивни работи, отвореноста и искреноста во врската може да придонесат само за нејзино подобрување и зацврстување.
- Задоволување на сексуалните потреби – Бидете отворени со вашиот партнер за вашите сексуални желби и фантазии. На тој начин и ќе го подобрите вашиот сексуален живот и ќе се чувствувате поблиски.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.