Мапа на здравата исхрана: 5-те најздрави кујни во светот

Мапа на здравата исхрана: 5-те најздрави кујни во светот

По повод Светскиот ден на здравјето, Светската здравствена организација одлучила да ја посвети 2016-тата година на борбата против дијабетесот тип 2. Правилната исхрана може да биде најдобриот начин за превенција на оваа болест а, за да бидеме здрави, да имаме енергија и да се чувствуваме добро, потребно е во исхраната да внесеме одредени прехранбени производи кои ги нудат различните кујни и култури во светот.

Мапа на здравата исхрана: 5-те најздрави кујни во светот

Независно дали станува збор за пикантни, слатки, лесни или тешки вкусови, во продолжение откријте кои се 5-те најздрави кујни во светот кои ќе ве инспирираат да внесете позитивни помени во вашата секојдневна исхрана.

1. Медитеранска кујна

Оваа исхрана е богата со овошје и зеленчук, интегрални житарки, јаткасти плодови, риба, млечни производи, а маслиновото масло е главниот извор на здрави маснотии. Понекогаш вклучува и по некоја чаша црвено вино. Многу студии тврдат дека ваквата исхрана има голема корист за општата здравствена состојба и намалувањето на ризикот од многу болести, меѓу кои и дијабетесот тип 2.

2. Јапонска кујна

Мапа на здравата исхрана: 5-те најздрави кујни во светот

Жителите во Јапонија имаат најдолго очекувано траење на животот во светот. Неодамнешните истражувања покажале дека долговечноста на Јапонците се должи на исхраната богата со зеленчук, овошје, риба и алги. Јапонската влада во 2005-тата година објавила препораки за населението поврзани за исхраната, кои ги поттикнуваат луѓето да внесуваат помалку заситени масти и сите други видови преработена храна. Истражувањата покажале дека испитаниците кои ги следеле овие препораки имале 15% помала стапка на смртност и помала шанса да заболат од аденосклероза или блокирање на крвните садови.

3. Нордиска кујна

‘Ржаниот леб, масната риба, локалното сезонско овошје, зеленчукот со корени и ферментираното млеко се традиционалната храна на нордиските народи како Швеѓаните, Данците, Финците и Исланѓаните. Последната студија објавена во „Американскиот дневник за клиничка исхрана“ покажала дека таквата храна е корисна исто толку како и медитеранската, особено кога станува збор за намалувањето на инфекциите и воспаленијата во телото.

4. Западно африканска кујна

Жилите на Чад, Сенегал и Сиера Леоне се хранат многу здраво. Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ кои ја испитувале застапеноста на овошјето, зеленчукот, интегралните житарици, рибата и храната богата со витамини и омега 3 масни киселини откриле дека западно африканското население ги внесува овие намирници најмногу од сите преостанати жители на светот.

5. Француска кујна

Мапа на здравата исхрана: 5-те најздрави кујни во светот

Познатиот „француски парадокс“ ги збунува научниците уште од многу одамна. Како нација која внесува толку многу намирници богати со заситени масти, има многу ниска стапка на луѓе заболени од срцеви болести и прекумерна телесна тежина. Една студија покажала дека клучот е во квантитетот. Така, иако Французите јадат кроасани, сирење и месо, тие сепак јадат мали порции.

Она што ги поврзува сите овие типови на исхрана е тоа што се богати со овошје и зеленчукот како и со мешунки. Важно е правилно да се избираат изворите на маснотии и предност да им се даде на маслиновото масло и незаситените масти, како и да се јаде доволно риба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар