Летни модни трикови кои ќе ви заштедат време, а вие ќе изгледате модерно и стилизирано - Part 2

Летни модни трикови кои ќе ви заштедат време, а вие ќе изгледате модерно и стилизирано

4. Кога не сте задоволни со вашиот изглед, односно кога комбинацијата ви делува премногу обично и незанимливо, трикот се крие во ситниците и деталите. На пример, надополнете ја комбинацијата со големи обетки кои ќе го „спасат“ целиот изглед. Автоматски, за само 2 секунди, вашата комбинација ќе стане многу подобро стилизирана.

8-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_9-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

5. Ако повеќе сакате минимализам, не морате со накит да ја надополнувате вашата комбинација. Доволно е да нанесете малку црвен кармин кој одлично ќе се сложува со дезенот кој сте го избрале и ќе изгледате доста модерно. Французинките се „колнат“ во црвениот кармин кога е шминката и која било модна комбинација во прашање.

10-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_11-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

6. Лоша фризура? Сокријте ја вашата непрепознатлива фризура со модерен шешир кој ќе направи да изгледате одлично, како во однос на фризурата, така и во однос на модната комбинација. Исто така, шеширите одлично се совпаѓаат со лежерните комбинации, како што се ленено здолниште и обична бела блуза. Брзо и едноставно!

12-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_13-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

За поголема инспирација, погледнете ги овие летни модни комбинации во кои ќе изгледате модерно, а ќе се чувствувате пријатно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар