Кора од лимон: Најевтината инвестиција за вашето здравје!

Кора од лимон: Најевтината инвестиција за вашето здравје!

Лимонот може да се употребува на илјадници начини, од додавање на кората во водата за арома, преку улогата за чистење во домаќинството, до додавање вкус на разни јадења. И покрај тоа, многумина предвид го земаат само користењето на сокот. Но, доколку го користите сокот, а ја фрлате кората, тогаш имајте на ум дека пропуштате многу.

2-kora-od-limon-najevtinata-investicija-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_

Значи, кои се главните предности од користењето на цел лимон?

Пред сѐ, на тој начин добивате повеќе витамини за себе.

Кората на лимонот содржи од 5 до 10 пати повеќе витамини отколку сокот. Да наброиме само неколку витамини: витамин Ц, витамин А, бета каротен, калциум, фолна киселина, магнезиум и калиум.

Помага во борбата против ракот

Се смета дека кората на лимонот има силно дејство при спречувањето на насобирање токсични елементи во организмот. Тоа значи дека кората на лимонот му помага на телото да се ослободи од канцерогените елементи. Таа се состои од компонентата која е позната како салвестрол K40 и лимонен, кои се познати во борбата против канцерогените клетки во телото. Исто така, флавоноидите кои се наоѓаат во кората се ефикасни кога е во прашање превенцијата на одредени канцерогени клетки.

Затоа, за употребата на кората на лимонот се знае дека е превентивна мера во развојот на различни типови канцер, вклучувајќи го и ракот на дојката, дебелото црево и кожата. Истражувањата покажуваат дека со консумирање чај од кората на лимонот, ефикасно го спречувате развојот на клетките на ракот.

1-kora-od-limon-najevtinata-investicija-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_

Го подобрува здравјето на коските

Кората на лимонот изобилува со калциум и витамин Ц. Консумирањето на кора од лимон спречува остеопороза, ревматоиден артритис, инфламаторни полиартритис и други болести на коските.

Го намалува нивото на холестерол

Со варењето на кората од лимонот се намалува, таканаречениот, лош холестерол, низ неговите полифенол флавоноиди. Витаминот Ц и витаминот П помагаат во чистењето на крвните садови, го спречуваат или намалуваат ризикот од развивање на меѓусебно поврзаните симптоми, како што е зголемениот крвен притисок, болестите на срцето и дијабетичните болести на срцето.

Тоа е сето она што го отфрламе и го губиме ако не ја користиме кората од лимонот!

Неколку совети како повеќе да ја користите кората од лимонот во вашата секојдневна исхрана

Замрзнете го лимонот и чувајте го во фрижидер. Потоа, изрендајте ја кората од лимонот во својот оброк, пијалак, салата, супа и сето останато што го консумирате во текот на денот. Ќе добиете свеж вкус и арома во устата, како и долготрајна корист за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар