Комплетен моден водич за женски обувки
Канаѓанки
Нема жена која ги нема барем во пет примероци во својата колекција, бидејќи овие обувки се практични, идеални за секој ден и можете да ги носите со сè, па дури и во елегантни изданија. Ги сакаат сите жени, додека пак моделите варираат од стандардни до елегантни. Бидете слободни да ги носите овие обувки како што вам најмногу ви одговара.
Сандали со ремче
Сандалите со ремче околу зглобот се уште еден модел на обувки кои сите жени го сакаат. Може да се пронајдат со високи потпетици или во рамна варијанта, со врвки или без, додека ефектот кој со нив можете да го постигнете варира од целосно опуштен до неверојатно сексапилен. На крај, изборот е потполно ваш.
Сандали со отворен преден дел
Иако секоја година се појавуваат неколку нови трендови кога станува збор за моделите на сандали, сепак моделите со отворен преден дел некако се „провлекуваат“ и го добиваат своето место на модната сцена. Најдоброто од сè е тоа што можете да ги носите со која било летна варијанта, па со самото тоа и изборот на гардеробата е полесен доколку се одлучите да го носите овој модел на обувки.
Гладијатор сандали
Иако овој модел на сандали може да се стави под категоријата сандали со ремчиња, сепак тој е посебен модел. Двојките го обожаваат овој модел на обувки, а го носат со фармерки и со дамски струкирни фустани, па дури и со лелеави модели на фустани и здолништа.
Мокасини
Мокасините се едни од најзастапените модели во колекцијата на познатите брендови и дизајнери, а овие денови сè почесто се гледаат и на улиците, не само во женски, туку и во машки изданија. Наш предлог е да ги комбинирате со здолништа во која било должина, но и со различни модели на панталони, додека одлично ќе одговараат и со кардигани и плетени фустани.
Оксфордки
Оксфордките спаѓаат во модел на чевли кои претставуваат одраз на вистинска класика, па со самото тоа може да бидат одличен избор за работна или елегантна варијанта. Затоа можете да ги носите со фармерки или класични панталони со различна должина и со дамски фустани и здолништа.
Преминете на последната страница за останатите модели.