Комбинации на бои кои се вистинско стилско освежување за ова лето - Part 2

Комбинации на бои кои се вистинско стилско освежување за ова лето

4. Сива и розова

Розовата боја, во која било варијанта, одлично изгледа во комбинација со сите нијанси на сива и го создава познатиот ефект на барбика. Значи, кога и да ги споите овие две бои ќе добиете ист ефект, па затоа слободно започнете со комбинирање.

5-kombinacii-na-boi-koi-se-vistinsko-stilsko-osvezhuvanje-za-ova-leto-www.kafepauza.mk_

5. Беж и тиркизна

Девојките со стил ја обожаваат оваа комбинација на бои која е занимлива, егзотична, а сепак совршено „приземна“, а со самото тоа и соодветна за сите прилики. Облечете некое парче во тиркизна боја, а изгледот надополнете го со беж детали.

6-kombinacii-na-boi-koi-se-vistinsko-stilsko-osvezhuvanje-za-ova-leto-www.kafepauza.mk_

6. Розова и зелена

Дали сакате малку егзотика? Комбинирајте розова и зелена боја што прават вистинска летна, добитна комбинација. Впрочем, зар вашата омилена летна храна, лубеницата, не ги содржи на себе токму овие нијанси?

7-kombinacii-na-boi-koi-se-vistinsko-stilsko-osvezhuvanje-za-ova-leto-www.kafepauza.mk_

За дополнителна инспирација, погледнете ги овие модни комбинации во кои ќе изгледате модерно, а ќе се чувствувате пријатно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар