Колку треба да пешачите за да почнете да слабеете?
Многу од нас спортуваат, одат во теретана, пробуваат разни диети… Но дали сте знаеле дека секојдневните долги прошетки се исто толку ефективни во борбата против килограмите? Погледнете кои правила треба да ги следите кога станува збор за пешачењето доколку сакате да загубите некој килограм.
Како да го претворите пешачењето во тренинг?
Главните фактори кои влијаат на согорувањето калории се поминатото растојание, брзината и вашата тежина. За најдобри резултати, потребно е да имате редовна рутина и да користите бројач на чекори. Оваа направа ќе ви покаже колку чекори сте направиле во текот на денот. Доколку сте изодиле многу, но сè уште не гледате резултати, направата ќе ви покаже колку чекори треба да додадете на вашата прошетка.
Колку чекори дневно се потребни за слабеење?
Ова приближно проценување ќе ви помогне да си направите сопствен распоред. Имајте на ум дека големо влијание имаат вашите карактеристики, животниот стил, начинот на исхрана и здравјето.
- 100 калории = 2.000 чекори = 1,6 километри
- 1 килограм = 140.000 чекори = 7.000 калории = 112 километри
Како да го зголемите бројот на чекори?
- Избегнувајте да користите превоз
- Носете ги и земајте ги вашите деца од училиште
- Немојте да користите лифт и ескалатор
- Шетајте го кучето подолго
Како да го направите пешачењето позабавно?
- Викнете си пријател
- Слушајте ја омилената песна или аудио книга
- Пешачете на непознато место, секогаш одбирајте различни рути
За време на зимата, можете вежбањето да го продолжите дома доколку имате лента за трчање. Ова ќе ви овозможи да гледате филмови или серии додека се одржувате во форма.
Како правилно да пешачите?
Имајте на ум дека вашите чекори не се секогаш еднакви. За да го одредите темпото на чекорите, измерете растојание од 10 до 20 метри, и поминете го чекорејќи нормално и притоа бројте ги чекорите. Поделете го растојанието во сантиметри (1.000 или 2.000) со бројот на чекорите кои сте ги направиле.
Помалку од 70 чекори во минута
За здрава личност, ова темпо речиси и да нема никаков ефект. Ова темпо е добро за луѓе кои имале срцев удар или кои страдаат од ангина.
71-90 чекори во минута, 3-4 километри на час
Ова темпо е препорачливо за луѓе со кардиоваскуларни заболувања.
91-110 чекори во минута, 4-5 километри на час
Темпо кое е добро за секоја здрава личност.
111-130 чекори во минута
Ова е одлична вежба за целото тело, но дури и здравите луѓе може да имаат проблем долго да пешачат со оваа брзина.
Правила за пешачење
1. Почнете бавно, и полека зголемувајте ги брзината и времето. Прво зголемете ја должината на вашите чекори, а дури потоа темпото. Внимавајте пешачењето да биде соодветно со вашето здравје.
2. Редовно практикувајте го пешачењето. Една прошетка неделно нема да ви помогне. Ако не можете да пешачите секој ден, обидете се да пешачите барем 2-3 пати неделно. Можете да пешачите кога било, но не порано од 1 час после оброк.
3. Консултирајте се со вашиот лекар и проверете си го здравјето. Повторувајте го ова 1-2 пати годишно.
4. Внимавајте на држењето на телото додека пешачите. Вашиот труп и рамена треба да бидат исправени, а стомакот собран.
Запомнете дека бавното пешачење на мало растојание е бескорисно. Но, ако се движите премногу брзо и долго, а не сте подготвени, можете да си наштетите.
Погледнете и како да симнете 5 килограми за 3 недели со пешачење.