Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

Бидејќи конкуренцијата за вработување е поголема од кога било, многу е важен впечатокот кој ќе го оставите кај потенцијалниот работодавец. Резимеата и интервјуата се само дел од можностите кои кандидатите за работа можат да ги употребат во своја корист. И покрај тоа што не ви гарантираме дека ќе ја добиете работата која ја посакувате, овие 10 клучни зборови со сигурност можат многу да ви помогнат доколку правилно ги употребите во вашето резиме или пак на интервјуто за работа.Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работаУпорност – Потенцијалните кандидати за работа би требало да нагласат дека упорноста им е една од најдобрите карактеристики. Најмувањето интелигентни личности е добра бизнис-практика, но интелигенција без упорност и доследност ретко води кон долготраен успех. Упорните вработени не се откажуваат така лесно и со време продуцираат подобри резултати.

Признание – Многу е важно во резимето да ги нагласите претходните достигнувања за кои имате добиено признанија. Запишете ги сите специјални награди од работа или од професионалните асоцијации во кои сте членувале. Работодавците сакаат да вработат некој кој претходно бил сметан за „ѕвезда.“

Резултати – На крајот, работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе ја завршат работата како што треба и поради тоа многу е важно да се употреби зборот „резултати“ во секое интервју. За да ја добиете работата, мора да го убедите оној кој го одржува интервјуто дека со сигурност ќе завршите на време сè што се очекува од вас. За да ја поддржите ваквата изјава, бидете подготвени да покажете дека ги имате потребните способности и карактеристики врз база на вашето досегашно искуство.

Влијание – За време на интервјуто, работодавците сакаат да слушнат каков вид позитивно влијание би можеле вие да имате во нивната компанија. Тие се заинтересирани за вредноста која може потенцијалниот кандидат да ја донесе во организацијата и начините на кои позитивно ќе влијае, посебно помеѓу вработените.

Компетентност – Овој збор е клучен, но малкумина од потенцијалните кандидати го употребуваат. Секој работодавец сака да слушне дека новиот вработен ќе може да ги исполнува задачите согласно работното место кое ќе му биде доделено.

Директност – Комуникацијата е критична за успешен бизнис и поради тоа работодавците сакаат да слушнат колку директни можат да бидат нивните потенцијални вработени. Во денешно време комуникацијата на работа е „бојно поле“ од емоции, правни работи и технологии. Способноста да се помине преку сите овие работи и при тоа да се завршат добро обврските е нешто што секој работодавец го посакува од своите вработени.

Способност за учење – Работодавците сакаат да се сигурни дека нивните вработени нема да ги прават истите грешки од минатото. Сите ние имаме неуспеси позади нас, но важно е да ги сфатиме како лекција и да не ги повториме во иднина.

Посветеност – Повеќе од кога било, работодавците бараат од своите вработени да бидат посветени на нивната работа и на компанијата. Поради тоа многу е добро да ја нагласите таа ваша намера во интервјуто за работата. Размислете добро на што сте посветени и како таа посветеност ќе ù помогне на компанијата – тој одговор со сигурност ќе ви ги зголеми поените за работното место кое го посакувате.

Флексибилност – Во денешната работна околина, каде што сè се одвива премногу брзо, многу е важно да ја нагласите својата флексибилност. Работната околина константно се менува и воопшто не е важно со какви способности ќе влезете во компанијата, туку потребно е да можете лесно да се адаптирате.

Решенија – Работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе можат да бидат способни да ги решат сите проблеми на кои ќе налетаат. Тие честопати се привлечени од личности кои „зборуваат“ со јазикот на решавањето проблеми.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар