Канцерогени производи кои се наоѓаат во вашиот дом
Добро познато е дека одредени животни навики, како што е пушењето, прекумерната употреба на алкохол и солариумот, може да го зголемат ризикот за појава на рак. Сепак, сигурно многумина од вас не би ни помислиле дека некои од производите кои ги користите секојдневно и кои се присутни во вашиот дом, може да содржат канцерогени состојки. Ракот е предизвикан од промени во клеточната ДНК. Некои промени може да бидат генетски, додека пак други се предизвикани од факторите во околината.
Додека некои канцерогени не ја погодуваат директно нашата ДНК, тие може да предизвикаат рак на други начини, на пример, да доведат до тоа клетките да се делат со побрза стапка од нормалната. Општо земено, ризикот од развој на рак зависи од вашата генетика и колку сте биле изложени на супстанциите. Вашиот дом е место каде што треба да се чувствувате безбедни, а не место каде што мислите дека сте изложени на какви било смртоносни материи или состојки. Еве кои производи во вашето домаќинство се познати дека содржат канцерогени материи, при што треба веднаш да се ослободите од нив.
1. Освежувач на воздух
Кога вашиот дом има непријатен мирис, сигурно повеќето од вас посегнуваат по освежувачот на воздух. Тестовите спроведени од страна на Советот за одбрана на природните ресурси, покажал дека повеќето освежувачи на воздухот содржат фталати, кои може да се мешаат со производството на машкиот хормон тестостерон. Имено, биле тестирани 14 освежувачи на воздух за кои не било наведено дека содржат фталати како состојка, па било откриено дека овие хемикалии биле присутни во 86% од тестираните производи, вклучувајќи ги и оние кои биле означени како „природни“ или „неароматизирани“.
2. Производи за чистење
Производите кои се наменети за чистење на вашиот дом исто така може да содржат не само канцерогени, туку и отровни материи кои поттикнуваат астма. Работната група за животната средина, непрофитна организација фокусирана на околината и јавното здравје, составила листа со најлоши производи за чистење на домот. Таа била надополнета во април оваа година и сега вклучува повеќе од 2.500 производи. Речиси три четвртини од испитаните примероци содржат состојки кои може да бидат штетни за дишењето, а повеќе од една четвртина од тие производи содржат состојки кои може да предизвикаат рак. Можеби најзагрижувачко е тоа што кај околу половина од производите не можат лесно да се откријат состојките. Организацијата предупредува потрошувачите да внимаваат на производите кои се означени како еколошки, затоа што тоа може да е погрешно и тие да содржат штетни материи.
3. Дезодоранси
Многу луѓе ги користат за да го намалат непријатниот мирис и потењето, но тие содржат штетни хемикалии кои се апсорбираат директно во кожата и предизвикуваат рак на дојката. Алуминиумите од антиперспирантите исто така се верува дека предизвикуваат и болести на мозокот, како што е Алцхајмеровата болест.